• недела, 05 мај 2024
МИА Радио флеш

26 април 2026 

-Северна Македонија и Молдавија ги поврзуваат заедничките вредности и определбата за што побрз влез во Европската унија, и на тој пат соработката и споделувањето на искуствата и практиките се од особена важност истакнаа молдавската вицепремиерка за европски прашања Кристина Герасимов и нејзиниот домаќин и колега Бојан Маричиќ на заедничката прс-конференцијата во медија центарот на Владата. Вицепремиерот Маричиќ посочи дека заедничата цел на двете земји е дополнителен поттик за зацврстување на сојузништвото помеѓу двете земји. -Со оглед на тоа дека земјата се наоѓа во фаза која ние ја поминавме, а тоа е скринингот, на вицепремиерката и пренесов дека Северна Македонија ќе го стави на располагање целото знаење и искуство  на нашите колеги во процесот на скринингот. Тоа е израз на една европска пријателска слидарност и поддршка и пријателство како европски вредности. Двете држави сериозно претендираме за членство при првото наредно рпоширување на ЕУ, тоа проширување добива на значење и во забрзување  заради геостратешките и безбеднсоните аспекти, подвлече Маричиќ.

-Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски и генералниот менаџер на компанијата „Шахтерм“ Фарук Шахин потпишаа договор за реализација на новата турска инвестиција во земјава. Како што информира ТИРЗ, со договорот, што го потпишаа во Бурса, се предвидува закуп на земјиште во ТИРЗ Скопје 2 со површина од над 20.000 квадратни метри и изградба на објект со површина од над 13.000 квадратни метри. Ова е прва од двете фази на реализација на инвестицијата. -Потпишувањето на договорот следи само четири месеци по најавата за новата турска инвестиција во земјава. Турската компанија ја зголеми и првично планираната инвестиција од 70 милиони евра на 100 милиони евра. Според деловниот план компанијата во наредните 10 години предвидува отворање на 1000 нови работни места. Новата инвестиција ќе опфати и центар за истражување и развој, а ќе преставува прв производствен капацитет на „Шахтерм“ надвор од Република Турција, се наведува во соопштението.

-Министерството за финансии (МФ) во врска со донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност, денеска ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седница со цел да ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки. Притоа, како што информира, заклучи, в понеделник на нова седница да разгледа Извештај од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи. Истовремено, врз основа на добиеното известување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), која е регулатор на осигурителниот сектор, Министерството денеска се обрати и до Комисијата за заштита на конкуренцијата, со цел да се испита дали се прекршени правилата на фер и конкурентно однесување согласно oдредбите од Законот за заштита на конкуренцијата. 

-Пожар избувна денеска во куќа на улицата „Борка Талески“ зад Универзалната сала. Командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски за МИА информира дека при гаснењето на пожарот интервенирале 12 пожарни со пет противпожарни возила. Тој нагласи дека во пожарот што веќе е згаснат нема повредени.

-Поплавени се речиси сите лекарски канцеларии на вториот кат, болнички соби на првиот кат, Одделението и сметководство, ходниците на приземјето, чекалната се до амбулантата на ОРЛ и дел од подрумските простории. Штетата дополнително ќе се утврдува, информира денеска медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, по поплавата што се случила синоќа. Тој истакна дека поплавата се случила ноќеска во еден часот по полноќ. - Пукна радијатор во една лекарска канцеларија на вториот кат на Клиниката. Дежурната екипа веднаш ја повикала техничката служба за одржување на парно, но не успеале да го допрат истекот на водата во следните четириесетина минути. При што, повикано е лице од клиниката кое помогнало да се сопре водата од главните вентили, додаде Петровски.

-Националното биро за осигурување (НБО) соопштува дека актуелните пазарни услови предизвикаа неопходност од промена на цената на полисата за задолжителното авто осигурување. Посочуваат дека процентот на пораст секоја осигурителна компанија сама го дефинира, зависно од деловната политика и направената анализа. Оттаму објаснуваат дека се работи за европски компании кои одлуките ги носат врз основа на сериозни повеќегодишни анализи, кои покажуваат дека, како што велат, бизнисот за осигурување на автоодговорност е неодржлив со сегашните цени.

-Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Димитар Ковачевски ги повика сите граѓани масовно да излезат на гласање на 8 мај за вториот круг Претседателски и за Парламентарните избори и негира дека СДСМ и ДУИ договараат бојкот на изборите. -  Тоа е неточно. Ги повикувам сите гласачи масовно да излезат на изборите на 8 мај и да го поддржат претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и коалицијата „За европска иднина“ на Парламентарните избори. Без исклучок да имаме масовен одѕив, да избереме и претседател и парламентарен состав и Македонија да продолжи на својот пат на европските интеграции, рече Ковачевски.

-Молотови коктели и други запаливи средства врз објектот на градското собрание во Тирана,  фрлаа учесниците на протестот организиран од опозициските демократи-приврзаници на Сали Бериша. Поради сериозноста на состојбата зголемено е присуството на полициските трпи, кои на учеснците во протестот не им дозволија насилно да влезат во објектот а во гаснењето на пожарот учествуваше противпожарна единица. Ова  е четврти по ред протест на „Иницијативата за обнова на ДП“, поддржан и од Партијата на слободата на Илир Мета, како и Алијансата за заштита на театарот, на кои се бара оставка на градоначалникот Ерион Велиај.

-Пазарните инспектори на српското Министерство за трговија открија нелегално производство на фалсификувани хемикалии за домаќинство, детергенти и шампони од марката „Проктер&Гембл“, како и фалсификувани бисквити Плазма. „Ова е откриено во акцијата за сузбивање на продажбата на фалсификувани производи на српскиот пазар“, изјави денеска министерот за трговија Томислав Момировиќ. Тој рече дека на овој начин е спречена употребата на фалсификувани производи и избегната е потенцијална опасност по здравјето на граѓаните. Момировиќ истакна дека во акција со припадници на Министерството за внатрешни работи и Основното обвинителство од Нови Сад, извршен е инспекциски надзор на повеќе локации во Нови Сад и Белград и запленета е поголема количина фалсификувани производи.

-Премиерот на техничката влада на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска изјави дека и трет мандат ќе остане претседател на извршната власт, а на Зоран Милановиќ му порача дека повеќе не постои како претседател на Републиката. Милановиќ како претседател на Републиката повеќе не постои … Тој го знае тоа, тоа го знаат сите експерти по уставно право. По овој тежок пораз и тој да си поднесе оставка, наведе Пленковиќ. Тој оцени дека Милановиќ и лидерот на Социјалдемократската партија, Пеѓа Грбин требало веднаш да ја напуштат политиката на 17 април по поразот на изборите. 

-Вештачката интелигенција (ВИ) во голема мера ќе влијае на 65 отсто од работните места во Белгија, според проценката на една од најголемите банки во земјата, објавена во локалните медиуми. Во текстот се наведува дека денес 3,3 милиони белгиски вработени работат во области директно поврзани со развојот на вештачката интелигенција. Секој трет работник во Белгија има позитивни очекувања од распространувањето на вештачката интелигенција за подобрување на економијата во следните пет години, но 42 отсто стравуваат дека тоа ќе доведе до губење на работни места. Проценката покажува дека во една третина од работните места (1,6 милиони) денес, имплементацијата на вештачката интелигенција ќе помогне да се зголеми продуктивноста, но во 34 проценти (1,7 милиони) може да биде потребна целосна автоматизација.

-Првата персонализирана mRNK вакцина против меланом, која може да спречи и рак на белите дробови, мочниот меур и бубрезите, се тестира врз пациенти во Велика Британија. Таа вакцина функционира така што го поттикнува телото да ги бара и уништува клетките на ракот за да спречи враќање на смртоносната болест, а може да се прилагоди на секој човек за само неколку недели, пишува „Индипендент“. Според весникот, втората фаза од испитувањето на вакцината, во чие производство учествувале фармацевтските гиганти „Модерна“ и „МСД“, покажала значително намалување на ризикот од повторување на ракот кај пациентите со меланом.

-Европската комисија донесе одлука за прогласување на веб страницата за електронска трговија со седиште во Сингапур, „Шејн“ за „многу голема онлајн платформа“ согласно Законот за дигитални услуги (ДСА) на ЕУ. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ваквата одлука е донесена откако е утврдено дека „Шејн“ во просек месечно има над 45 милиони корисници во ЕУ, што е услов една интернет страница да добие статус на „многу голема онлајн платформа“. Согласно оваа одлука, најдоцна до крајот на август „Шејн“ ќе мора да се усогласи со строгите правила што важат за „многу големите онлајн платформи“ согласно Законот за дигитални услуги, како што се засилување на мерките за заштита на корисниците, вклучително и на малолетниците и соодветна проценка и ублажување на сите можни системски ризици кои произлегуваат од нејзините услуги, како што се ширење на илегални содржини, продажба на фалсификувани или забранети стоки и заштита на брендови и интелектуална сопственост. 

-Европската унија денеска соопшти дека обезбедува дополнителни 68 милиони евра потребна помош за Палестинците во Газа. Територијата е уништена од повеќе од шест месеци израелско бомбардирање и копнени операции по нападот на Хамас на 7 октомври, оставајќи го цивилното население од два милиони луѓе кои имаат потреба од хуманитарна помош за да преживеат. „Поради континуираното влошување на тешката хуманитарна криза во Газа и постојаниот пораст на потребите на теренот, (Европската) комисија го засилува своето финансирање за поддршка на Палестинците погодени од тековната војна. Оваа поддршка ја носи вкупната хуманитарна помош на ЕУ до 193 милиони евра за Палестинците на кои им е потребна во Газа и во целиот регион во 2024 година“, се вели во соопштението на ЕУ.

- Пет клучни донатори инвестирале повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Доналд Трамп. Тимоти Мелон, наследник на банкарското семејство Мелон, од 2022 година инвестираше најмалку 16,5 милиони долари во организацијата „Мага“ блиска до Трамп. Тој исто така има инвестирано најмалку 20 милиони долари во организацијата за време на претседателските избори во САД во 2020 година. „Форбс“ го проценува богатството на Мелон на 14,1 милијарди долари, а познато е дека тој инвестирал и најмалку 20 милиони долари во кандидатурата на Роберт Кенеди за претседател на САД. „Форбс“ го проценува богатството на Мелон на 14,1 милијарди долари, а познато е дека тој инвестирал и најмалку 20 милиони долари во кандидатурата на Роберт Кенеди за претседател на САД.

Остани поврзан