• петок, 17 мај 2024
МИА Општински пул

Скопје - Во пресрет на христијанскиот празник „Велигден“, кога се очекува значително зголемена фреквенција на граѓани во православните верски храмови, Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје врши рачно и машинско миење дворови и непосредната околина на поголеми православни верски објекти во сите скопски општини, информираат денеска од претпријатието.

Со активностите се опфатени соборниот храм „Свети Климент Охридски“, црквите „Света Богородица“, „Свети Димитрија“, „Свети Јован Крстител“, „Света Петка“, „Свети Ѓоргија“, „Свети Илија“, „Свети Архангел Михаил“, „Свети Петар и Павле“, „Свети Спас“ и други. Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје и претстојниот период ќе продолжат да се грижат за чистотата на верските објекти на сите верски заедници, се наведува во соопштението на претпријатието.

Скопје - Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска изврши увид во изградбата на новото детско игралиште во Илинден кое ќе биде во рамки на Домот на култура „Илинден“.

Детското игралиште ќе биде опремено со гумен под, ќе биде оградено со панелна ограда, опремено со детски реквизити како лизгална, форми на коњчиња, клацкалки, лулашка, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, како и партерно уреден простор со павер елементи.

Како што информира градоначалникот Георгиевски новото детско игралиште кое се наоѓа во рамките на Домот на култура Илинден и прекрасниот хортикултурно уреден двор ќе биде одлично надополнување на целиот комплекс, а дечињата и од овој дел на населбата ќе имаат одлично катче за дружење и рекреација, каде ќе можат да го поминуваат слоборното време во игра и забава.

Делчево - Во Делчево денеска се славеше традицијата поврзана со Велигден која на виделина ги извади сите креативни идеи на домаќинките поврзани со овој голем христијански празник кој е симбол на победата на животот над смртта. 

Cпакувани во „Велигденска изложба“ на над десет штандови беа изложени илјадници велигденско украсени јајца, најразлични велигденски декорации и украси со што се продолжи традицијата поврзана на Велики четврток. 

-Свои велигденски декорации изложија: ООУ „Ванчо Прке“, ООУ „Св. Климент Охридски“, СОУ „М.М.Брицо“, детската градинка „Весели цветови“, Дневниот центар за лица со посебни потреби, ФГ „Копачка“, вработените во ЈЛБ „Илинден“, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, Младинскиот совет при Општина Делчево, Здружението САРАФИНА, а свои изработки имаше и Невенка Младенова Петрова, информираа од Општината.

 

Остани поврзан