• петок, 14 јуни 2024
МИА Флеш

16 мај 2024

- Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето со позначителен пораст на дневната температура, а од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме, соопшти УХМР.

- До Управниот суд до денеска до 11 часот е пристигната една тужба против одлуката на Државната изборна комисија од Коалицијата Влен за Парламентарните избори 2024. Тужбата, според информации на МИА, се однесува на одлуката на ДИК за гласањето во долна Бањица, гостиварско. Претпладнево тужба против одлуката на ДИК ќе биде упатена до Управниот суд и од ДУИ за сите седум места каде што е поништено гласањето. 

- Средношколци од десет средни училишта за техничко образование од земјава, на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје се натпреваруваа во практична примена на знаењата преку употреба на развојни микропроцесорски системи.

- Годинава на аџилак и во посета на светите муслимански места, од земјава ќе заминат над две илјади верници, што е речиси идентична бројка со минатата година, изјави за МИА, Ирсел Јакупи, генерален секретар на Исламската верска заедница.

- Во периодот јануари – март годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 158 247 000 денари, што е за 10,8 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави  Државниот завод за статистика. 

- Владата на Косово го подготвува Предлог-статутот на Заедницата на српските општини (ЗСО) кој ќе биде испратен до Уставниот суд до крајот на мај, наведе косовската министерка за надворешни работи, Доника Гервала, во писмо до Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

- Романската гранична полиција откри 62 сириски државјани скриени во полуприколка и во товарниот дел на камион на преминот Калафат кон Бугарија, соопшти денеска романскиот Генерален инспекторат на Граничната полиција.

- Властите на Словачка, која е во шок по обидот за атентат врз премиерот Роберт Фицо, со еднствени осуди за тој чин, денеска повикаа да се прекине говорот на омраза.

-Еден припадник на француската жандармерија е убиен при „случаен истрел“ денеска на француската територија на Тихиот Океан, Нова Каледонија, погодена од немири, изјави министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин за француските медиуми.

– Три лица загинаа, а 16 се повредени во синоќешната експлозија на киоск лоциран во станбена зграда во германскиот град Дизелдорф. Помеѓу повредените двајца се во животна опасност.

Тагови

Остани поврзан