• недела, 05 мај 2024
МИА Општински пул

26 април 2024 

Скопје - Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Петровец, Ѓорче Петров и Сарај, соопшти РЦУК - Скопје.Во периодот од 08:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од селото Кожле, Тунел Катланово и селото Бадар во Општина Петровец.

Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „52“ кон обиколница во Стопански Двор во Општина Ѓорче Петвов.

Во периодот од 09:00 до 11:00 часот  без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во Сарај кај општината во Општина Сарај.

Скопје - Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски изврши увид во работните активности за реконструкција на игралиштето за мал фудбал во рамки на подрачното општинското основно училиште во населеното место Текија.

Како што информира Општина Илинден, Георгиевски истакна дека и на ова фудбалско игралиште целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, ќе има проширување на теренот, ќе биде поставено лед осветлување, обновување на заштитната ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден.

- Со обновувањето на игралиштето ќе се создадат услови за реализација на часовите по физичко образование, како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време. Покрај реконструкцијата на игралиштето за фудбал ќе се обнови и детското игралиште во рамки на училиштето, односно оштетените реквизити ќе бидат заменети со нови, изјави Георгиевски.

Остани поврзан