• сабота, 18 мај 2024

Без струја дел од Чучер Сандево и Сарај, а без вода дел од Карпош и Гази Баба

Без струја дел од Чучер Сандево и Сарај, а без вода дел од Карпош и Гази Баба

Скопје, 13 јули 2023 (МИА) - Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Чучер Сандево и Сарај.

- Во период од 9:00 до 15:00 чаот без струја ќе бидат дел од корисниците од Чучер Сандево, а од 11:00 до 14:00 часот корисниците од ул.„1721“ од Сарај кон Глумово, информираат од РЦУК Скопје.

Поради реконструкција на водоводна мрежа ф150мм на ул. „Рилски конгрес“ бр.1 денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Рилски Конгрес“ и дел од „Партениј Зографски“ во општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со интервенцијата.

Без вода поради дефект на улица „Ташко Караџа“ бр.9, денеска ќе бидат корисниците од оваа улица, како и дел од улиците „Трифун Хаџијанев“ и „Бапчор“ во општина Гази Баба. Прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 8:30 часот до завршување на интервенцијата, информираат од РЦУК Скопје. дма/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан