• понеделник, 17 јуни 2024

Разговорите за нова влада во тек, Управен треба да одлучува по одлуките на ДИК за прегласување

Разговорите за нова влада во тек, Управен треба да одлучува по одлуките на ДИК за прегласување

Скопје, 17 мај 2024 (МИА) – Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Вреди“ за коалицирање во новата влада вчера ја одржаа првата средба, а според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имаат обезбедено 61 пратеник. Во меѓувреме, техничкиот премиер Талат Џафери на прес-конференција обвини дека имало договор за надгласување во Државната изборна комисија за прифаќање на одредени приговори и оти на тој начин се врши изборен инженеринг за менување на соодносот на силите во Собранието, порачувајќи дека се е во рацете на Управниот суд, каде треба да се одлучува по жалбите на ваквите решенија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања пред затворањето на Самитот Македонија 2025, рече дека покрај 58 пратеници на коалицијата, имаат консолидирано точно 61 пратеник и информира дека разговорите со „Вреди“ се водат во вистинска насока. 

- Можам да кажам дека како „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот покрај 58 пратеници кои ги има автентично, очекуваме одлука на Управниот суд да видиме што ќе се случува со изборната единица 5 и 6, можам со задоволство да кажам дека имаме консолидирано точно 61 пратеник, но тоа нема да не повлече од разговорите со идните потенцијални коалициски партнери како што е коалицијата „Вреди“, изјави Мицкоски.

In addition to the coalition’s 58 MPs, we have consolidated precisely 61 MPs, VMRO-DPMNE leader and future Prime Minister-designate Hristijan Mickoski told reporters on Thursday. 

Според него, асиметрични договори не се добри и изрази убедување дека многу брзо ќе биде објавен составот на новата влада и на коалицијата која ќе биде, како што рече, поддржана со повеќе од две третини од пратениците во Собранието.

Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Вреди“ вчера ја одржаа првата средба за разговори за коалицирање во новата влада, на која, како што информираа преку соопштение, било заклучено дека е потребно да се задржат програмските определби што добиле поддршка од граѓаните и да се запазат договорените принципи на делување, силно динамизирање на ЕУ интеграции, бескрупулозна борба против корупцијата и криминалот и економски реформи за повисок животен стандард.

На работната средба, како што посочуваат ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, било договорено дека разговорите во позитивен дух ќе продолжат и во наредниот период.

Според првичните официјални резултати за парламентарите избори што ги објави ДИК, Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоено најмногу пратенички мандати, 58, по што следуваат Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, 18, Коалицијата ВЛЕН, 13, а Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица по шест пратенички мандати.

Kryeministri Talat Xhaferi vlerëson se ka pasur marrëveshje për mbivotim në KSHZ që të pranohen disa ankesa për rezultatet dhe rivotimin në zgjedhje dhe se në këtë mënyrë po bëhen përpjekje p

Премиерот на техничката Влада Талат Џафери, вчера на прес-конференција, рече дека смета дека имало договор за надгласување во Државната изборна комисија за прифаќање на одредени приговори за изборните резултати и прегласување, и оти на ваков начин се прави обид за изборен инжинеринг за менување на бројките во Собранието и изигрување на волјата на граѓаните. Изборниот процес кој беше оценет како кредибилен и демократски, сега е во рацете на Управниот суд, рече Џафери и повика сите институции да постапуваат согласно закон без партиски директиви од која било страна.

-Како премиер на Владата на Република Северна Македонија и одговорен за успешноста на изборниот процес на претседателските и парламентарните избори имам добиено извештај од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за изборен инжинеринг со вонинституционален меѓупартиски договор за гласање и надгласување во ДИК во врска со симптоматичните приговори поднесени од страна на учесниците на изборите, рече Џафери на прес-конференцијата во Владата. 

Според извештаите, додаде тој, овие претензии се изборен инженеринг и имаат за цел менување на соодносот на бројките во Собранието преку политички договор на маса.

Во меѓувреме течат роковите за тужби до Управниот суд за изборните резултати по парламентарните избори по прифаќањето на приговорите од страна на ДИК што го отвори патот за прегласување на шест избирачки места во Петатта и на едно избирачко место во Шестата изборна единица. 

Управниот суд иформира дека по поднесени седум тужби од Коалицијата „Европски фронт“ на парламентарните избори 2024 година против решенија на ДИК оформени се предмети и дека ги преземаат сите процесни дејствија согласно Изборниот Законик.

-Со оглед на роковите за постапување и одлучување, Управниот суд итно ги презема сите процесни дејствија согласно Изборниот Законик, се вели во соопштението од претседателот на Управен суд Бурим Сејдини.

Koalicioni

Управниот суд вчера одржа јавна седница по тужба на Коалицијата „Вреди“ по одлуката на ДИК за одбивање на нивниот приговор за избирачко место 0511, во Долна Бањица во Општина Гостивар на Парламентарните избори 2024 година. Постапката беше прекината, откако претставникот на Коалицијата „Вреди“ изјави дека ја повлекува тужбата во целост. 

До Државната изборна комисија беа поднесени вкупно 27 приговори за парламентарните избори - девет од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица. Прифатени беа седум и тоа шест во Петтата изборна единица и еден во Шестата изборна единица. Во Изборната единица 5 прифатени беа приговорите за избирачките места 1272 во Охрид, 1194 и 1202 во Крушево, 1844 во Струга, 1470 и 1470/1 во Долнени. Во Изборната единица 6 прифатен е еден приговор за избирачкото место 2101 во Желино. 

Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием. аа/бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан