• сабота, 27 јули 2024

Пчеларници вклучени во туристичка понуда во Тиквешијата

Пчеларници вклучени во туристичка понуда во Тиквешијата

Кавадарци, 17 мај 2024 (МИА) - Пчеларници од Тиквешијата се вклучени во туристичката понуда на регионот, денеска во кавадаречко дојдоа и првите домашни и странски туристи. Ова попладнево го потврдија за МИА, пчеларите Игор Најдов и Блаже Наумов. 

- Туристите официјално го посетија пчеларникот на Наумов во селото Сопот. Имаше гости од Македонија, Франција, Холандија, Англија. Посетата на пчеларникот, со презентација, дегустација и продажба на пчелни производи, практично,  влезе во агендата на туристичките агенции. Според договорите, наскоро ке започне посетата на пчеларници  од странски туристи еднаш неделно, а ке може и наши домашни гости и ученици да не посетат со претходна најава, појаснија пчеларите. 

Целта е да се подигне свеста за значењето и местото на пчелите во општеството.

- Ако не се тие, производството на растителната храна би се намалил за 80 проценти, а со самото тоа ке се отклонат и други гранки и би пострадало човештвото. Голема благодарност за искажаната доверба, до Sherpa horse riding Macedonia, главен уредник на овие тури од ваков тип и кој не вклучи во сето ова, ама, веруваме дека и довербата е оправдана. Ние од своја страна, ќе сториме се што е во нашите можности, што подобро да ја претставиме пчеларската работа и важноста на пчеларството воопшто, подвлекоа Најдов и Наумов.  

Притоа додаваат дека тиквешкото поднебје дава извонреден мед, за што говорат и бројните награди на домашни и странски натпревари. свд/са/


Фото : Игор Најдов и Блаже Наумов 

Остани поврзан