• недела, 22 декември 2024
МИА Најави МКД

18 мај 2024 

Скопје - Отворен настан  во рамки на кампањата „Крени глас против врсничкото насилствово“ на „Макпетрол“. (Градски парк, зеленило „Вембли“, до езерцето спроти стадионот /11:00)

Скопје - Агенцијата „Марили“ ќе одржи трет регионален „Марили бизнис форум“ („Панорамика дизајн хотел“/10:00) и манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“. („Панорамика дизајн хотел“/20:00)

Скопје - Фестивал „Dog Fest”. („Hera Happy friendly dogs”, ул. Козле број 196, спроти црквата „Пантелејмон“ во Долно Нерези/12:00)

Скопје - Дигитална интерактивна изложба „Livelyyy" на францускиот уметник Гијомит по повод 50 години Француски институт во Скопје. (Покрај главниот влез на Ист гејт мол )

Скопје - Премиера на претставата „Парови“ по текст на Ана Ристоска-Трпеноска, а режија на Ивана Ангеловска. (Драмски театар/20:00) 

Скопје - Премиера на претставата за млади „Адамс Фемили“ во адаптација и режија на Теа Беговска. (НУ Албански театар за деца и млади /20:00)

Скопје - Одбележување на Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај, под мотото „Музеи за едукација и истражување“. 

Кичево - Проекција на германско-холандскиот детски филм „Луси гангстерката“, во режија на Тил Ендеман. (Центар за култура „Кочо Рацин“)

Скопје - Концерт на композиторот Никола Мицевски со проектот „New Era”. („Јавна соба“ / 21:00)

Вараждин - Отворање на изложбата „Пикасо, можеби јас“ на македонскиот керамичар Филип Фидановски. (Галерија на Керамеикон К10 / 19:00)

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан