• среда, 12 јуни 2024

Крводарителска акција во Берово

Крводарителска акција во Берово

Берово, 17 мај 2024 (МИА) - Во Берово денеска се одржа крводарителска акција на која хуманите граѓани подарија 51 крвна единица. Акцијата ја организираше Општинската организација на Црвен крст Берово, од каде им се заблагодарија на сите што учествуваа во денешната акција.

-Задоволни сме од епилогот од денешната акција. Добрината и хуманост се непроценлив ресурс на денешницата затоа упатуваме благодарности на сите што ја поддржаа денешната крводарителска акција на која се одѕваа 51 крводарител, истакнаа од Црвен крст Берово.

Посебна благодарност упатија и до крводарителите кои првпат даруваа крв. 

-Вашата одлука има неизмерно значење и помош за тие коишто се во ситуација да немаат простор за одлука.  На останатите им порачуваме навреме да добијат информација за следните крводарителски акции и, секако, доколку се во можност, да учествуваат на истите, додадоа од Црвен крст Берово.

Крводарителската акција се спроведе во соработка со службата на трансфузиона медицина - Скопје и во содејство со МВР-ОВР Берово. вс/хс/ 

Фото: МИА

Остани поврзан