• сабота, 27 јули 2024

Еколошката акција ,,Генералка викенд 2024" спроведена во Дебар и Маврово и Ростуше

Еколошката акција ,,Генералка викенд 2024

Дебар, 17 мај 2024 (МИА) - Во еколошката акција ,,Генералка викенд 2024" која се реализира во државава, се вклучија и општините Дебар и Маврово и Ростуше.

- Чистата животна средина е наш приоритет. Во денешната акција беше вклучена општинската администрација, ученици, граѓани, секако поддржани и од Јавното комунално претпријатие "Стандард" кое помогна во транспорт на собраниот отпад, рече Хекуран Дука, градоначалникот на Дебар.

Се чистеше и селектираше отпад во паркот во населбата "Венец1", училишните дворови, но и други делови во градот.

-Целта на оваа најголема национална акција за чистење и селектирање отпад е подигање на нивото на еколошката свест. Ние како локална власт во соработка со граѓанскиот сектор редовно спроведуваме вакви акции, рече Дука, упатувајќи апел до граѓаните за поголема грижа за чиста животната средина.

Ваква акција на повеќе локации беше реализирана и во општина Маврово и Ростуше, каде покрај другото,  ученици од отпад ги чистеа и селските улици. вт/са/

Фото:МИА

 

 

Остани поврзан