• сабота, 27 јули 2024
Од верските календари

 

 

18 мај 2024 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 мај.

Денеска е Св. великомаченичка Ирина.

Пенелопа така се викаше пред да се крсти, беше ќерка на некој мал цар, чија престолнина беше некојси балкански град Магедон. Ро¬дителите и беа незнабошци. Во христијанската вера ја воведе некој учител Апелијан, а потоа неа и нејзините дворски дами ги крсти свети Тимотеј, ученикот на апостол Павле. Света Ирина во срцето се одлучи да живее девствен живот. Кога татко и слушна за тоа, се разлути и сакаше да ја стави на маки, но таа на чудесен начин го обрати во Христовата вера. Подоцна претрпе многу тешки измачувања од неколку цареви. Царот Савориј дури и ја умртви, но Бог повторно ја оживеа. Нејзината проповед и чудата што Бог ги правеше преку неа приведоа многу незнабошци во Христовата вера. Најпосле, таа самата легна во гроб и му кажа на Апелијан да го затвори гробот. Кога по четири дена го отворија гробот, таа не беше внатре. Така Бог ја прослави оваа голема маченичка и светителка.

 

 

Остани поврзан