• среда, 04 септември 2024
МИА Флеш

   4 септември 2024

 

 

Скопје - Министерот за правда Игор Филков остварил средба со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон, на која разговарале за билатералната соработка, поддршка за проектите за реформите во правосудството, борбата против организираниот криминал и реализација на стратешките цели за полноправното членство во ЕУ. 

Министерот Филков, соопштија денеска од Министерството за правда, посочил дека претстои долг и тежок пат за имплементација на реформи во Судскиот совет, Советот на јавни обвинители и Академијата за судии и јавни обвинители, со цел враќање на довербата на граѓаните во правдата.

Новаци - Владата дава силен фокус и покажа дека се грижи за земјоделците се со цел Македонија повторно да биде аграрна земја, истакна Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На среба со пелагониските земјоделци во Новаци, Трипуновски нагласи дека владата обезбеди средства за исплата на заостанатите субвенции од претходните години,а донесени се и дополнителни мерки во функција на земјоделците.

Брисел – Како Влада сме спремни за суштински дијалог со Бугарија, кој треба да заврши со надминување на пречките на нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија, притоа заштитувајќи ги интересите на двете земји, изјави денеска во Брисел министерот за европски прашања Орхан по средбата со еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји. 

- Го информирав комесарот Вархеји за приоритетите на Владата, како и дека европската интеграција на Република Северна Македонија е меѓу клучните приоритети на земјата. Еврокомесарот ме информираше дека Европската комисија и институциите на Европската Унија ја поздравуваат заложбата на Владата, особено во брзината со која беше обработена и имплементирана реформската агенда, која јас лично ја сметам како една од најголемите достигнувања на првите сто дена на Владата, изјави Муртезани за МИА. 

На средбата станало збор и за предизвиците и пречките на пат на земјата кон полноправно членство во Европската унија, вклучително и за уставните измени. 

Брисел - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, со средба со комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји, изутрината ја започна својата прва работна посета на Брисел. Разговорите, како што соопшти Министерството за европски прашања, беа фокусирани на тековниот евроинтегративен процес и на чекорите што претстојат за понатамошен напредок.

Министерот Муртезани ја нагласи цврстата посветеност на Северна Македонија кон процесот на пристапување кон ЕУ, како и подготвеноста на земјата да се усогласи со стандардите на Унијата.

Скопје - Со девет гласови „за“ и без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, членовите на собраниската Комисија за европски прашања го поддржаа Законот за парничната постапка. Претходно, овој предлог-закон доби поддршка и од Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно правната комисија.

Заменик министерот за правда, Ален Деребан во образложението пред членовите на Комисијата истакна дека целта на донесување на овој предлог-закон е отстранување на недостатоците кои се појавиле од практичната примена на актуелниот Закон за парнична постапка, а кои како што рече, биле констатирани од сите учесници во постапката вклучително и судови, адвокати, странки, државни органи. Посочи дека недостатоците биле констатирани и во забелешките на Светка банка преку извештаите Дуинг бизнис 2020 година. 

Скопје -  Бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од годинава забалежа раст од 2,3  отсто, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во вториот квартал годинава, поголем пораст е забележан во секторите: Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 9.5  проценти, а 8.7 проценти во Стручни, научни и технички дејности и Административни и помошни услужни дејности.

Дебар - Полициски службеници од криминалистичката полиција во Дебар, го привеле Е.Ф.(20) од Дебар,  кој се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка. 

-Со малолетничката бил извршен разговор во присуство на претставници од Центарот за социјални работи и по целосно документирање на настанот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

Скопје - Солидни резултати остварија македонските млади шахисти кои годинава се натпреваруваа на Европското првенство во Прага. Над 50% успешност остварија Моника Жежовска, Софија Беловска, Ахмет Селим Абдурахман и Антон Златков. 

Најдобар пласман оствари најмладата шахистка, Софија Беловска која се натпреваруваше во категоријата до осум години девојчиња. Беловска доби 5 од вкупно 9 поени и обезбеди  21 место од 55 учеснички од Европа, со што постигна и најдобар резултат за македонската репрезентација во нејзината категорија за прв пат. Победи во четири партии против шампионките и претставнички на Шпанија, Естонија, Кипар и домаќините од Чешка, ремизираше со Азербејџан и Чешка и изгуби од Романија, Холандија и Данска. 

Велес - Се уште е активен пожарот кај село Оморани во месноста викана Кадиица, во Општина Чашка каде што гори мешана шума, информираат од ЦУК. За негово гасење вклучени се само вработени од Подружницата „Бабуна“ на ЈП Национални шуми.

Под контрола е  стевен пожарот кај село Степанци на планината Мукос во Општина Чашка.

Од ЦУК појаснуваат дека поради актуелната состојба со големиот пожар во Прилепско-Мариовско сите сили и ресурси се насочени кон помош во негово гаснење.

Скопје - Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ во соработка со кафе-книжарниците „Илика“ и „Буква“ организираат донаторска акција за стари книги со цел собирање средства за поддршка на младинската култура и настаните кои ги организира „Култура Бета“Книгите може да се донираат во кафе-книжарницата „Илика“ во периодот од 20. август до 20. септември, а кон крајот на септември ќе биде органзиран донаторски базар на стари книги, како и целодневна културна програма со млади уметници. Средствата собрани од базарот ќе бидат искористени со цел поддршка на младите уметници, како и понатамошно организирање младински културни настани, информираат од „Култура Бета“.

Подгорица – Резултатите од најновото истражување на црногорскиот Завод за статистика (Монстат) покажуваат дека во 20,1 отсто од граѓаните на Црна Гора во 2023 година биле во ризик од сиромаштија.

Според Анкетата за приходи и услови за живеење во 2023 година речиси 60 отсто од граѓаните на Црна Гора живеат во домаќинства, кои не можат да си дозволат еднонеделен годишен одмор надвор од дома.

Уланбатор - Енергетската зависност на Монголија го отежнува апсењето на рускиот претседател Владимир Путин по наредба на Меѓународниот кривичен суд (МКС), изјави портпаролот на монголската влада.

Путин ја посети Монголија на покана на монголскиот претседател Ухнаагиин Курелсух, што го означува неговото прво патување во земја членка на МКС која го ратификуваше Римскиот статут, кој ги обврзува потписниците да го уапсат Путин доколку тој влезе на нивна територија.

Во март, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин поради присилно префрлување деца од територијата на Украина под руска окупација.

Анкара - Истанбулската полиција го уапси Лиридон Реџепи, кого Турската национална разузнавачка организација (МИТ) го идентификуваше како раководител на финансиската мрежа на Мосад во Турција, јави Анадолија повикувајќи се на безбедносни извори.

Според изворите, Реџепи ги управувал финансиските операции на израелската разузнавачка агенција Мосад во Турција. Исто така, се тврди дека било откриено дека Реџепи, по инструкции на израелската разузнавачка служба, спроведувал надзор со дронови и психолошки операции против палестински политичари.

Активностите на Реџепи, вклучувајќи сомнителни трансакции на неговите сметки, биле следени од страна на МИТ.

Тел Авив - Екстремно десничарскиот израелски министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, денеска изјави дека настојува да ги саботира преговорите за примирје во Газа и размена на затвореници со Хамас, пренесува Анадолија.

„Се трудам да ги запрам преговорите со Хамас. Држава чии шест заложници беа ладнокрвно убиени, не преговара со убијци, туку ги прекинува преговорите, ги смачкува и престанува да им испорачува гориво и струја“, напиша Бен-Гвир на социјалната мрежа Икс.

Киев – Претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во текот на неделата ќе го посетат Киев и ќе побараат од украинската Влада побрзо да ја девалвира својата валута гривна, да ги намали каматните стапки и да ги зајакне напорите за зголемување на даноците за да се надомести буџетскиот недостаток, објави „Блумберг“ повикувајќи се на анонимни извори.

ММФ ќе побара спроведување на мерките поради планираната ревизија на кредитната програма за Украина во износ од 15,6 милијарди долари.

Ревизијата би можела да доведе до исплата на 1,1 милијарда долари на Украина, доколку персоналот на ММФ утврди дека Киев ги исполнува целите на програмата и дека може да ги задоволи потребите за финансирање.

Вашингтон – Поранешниот претседател на САД и претседателски кандидат на Републиканската партија, Доналд Трамп синоќа го потврди тврдењето за изборниот грабеж пред четири години, но призна дека бил поразен од тогашниот кандидат на Демократската партија и актуелен претседател на САД, Џо Бајден.

- Освоив милиони гласови повеќе отколку кога победив на претходните избори. Ми рекоа дека освоив 63 милиони гласови и ќе победам. Но не можев да победам … Изгубив за влакно и – видете што се случи на светот, изјави Трамп во поткастот на Лекс Фридман.

Њу Делхи - Во Врховниот суд на Индија е поднесена петиција со која се бара да се наложи на федералната влада да ги запре дозволите на индиските компании за извоз на оружје во Израел, пренесува Анадолија.

„Индија е обврзана со разни меѓународни закони и договори кои ја обврзуваат Индија да не испорачува воено оружје на држави виновни за воени злосторства, бидејќи секој извоз може да биде искористен за сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право“, се наведува во петицијата покрената од десетина активисти.

Тагови

Остани поврзан