• сабота, 18 мај 2024

Младински организации од Франција во посета на Општина Охрид

Младински организации од Франција во посета на Општина Охрид

Охрид, 13 март 2024 (МИА) – Работна средба се одржа меѓу претставници од коалицијата „Сега“ што ја раководи Младинскиот Центар од Охрид и претставници на француските организации „Maison Pour Tous Leo Lagrange“ од  Шербур и „Mussigue Ehperience“ од Дусе кои заеднички го реализираат проектот „For open minded youth workers“.

Гостите од Франција од 8 овој месец се во студиска посета на земјава, со цел да се истражи младинската работа, да се разменат искуства и да се осознаат начините на кои локалните власти ги поддржуваат младите.

На денешната средба претставниците на двете невладини организации од Франција беа запознаени со поддршката и начинот на кој младите во Охрид добиваат  подршка од Општината. аб/аа/

фото/Општина Охрид

Остани поврзан