• сабота, 27 јули 2024

Казнети 123 возачи во Скопје, 21 без возачка дозвола

Казнети 123 возачи во Скопје, 21 без возачка дозвола

Скопје, 18 мај 2024 (МИА) - Вкупно 123 мерки се изречени во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје во контролите во областа на сообраќајот.

Како што информира денеска МВР, 21 санкција е за возење без возачка дозвола, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се пет мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за возење под дејство на алкохол...

- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР. мд/мч/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан