• петок, 10 мај 2024
МИА Флеш

8 март 2024 

 - Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири го честита денешниот празник, потенцирајќи дека здравствениот сектор има храбри и посветени здравствени работнички и соработнички, докторки, медицински сестри, болничарки, на кои сите ние треба да бидеме горди.

 - Индустриското производство во јануари годинава, во однос на јануари лани, е поголемо за 2.8 %, соопшти Државниот завод за статистика.

- Синоќа во 21.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(46) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени прашкаста и грутчеста материја и дигитална вага.

 - Кумановската полиција вчера попладнето во 17.15 часот во Куманово, го лишила од слобода А.Ф.(45) од Куманово, кој се сомничи дека извршил повеќе кражби од возила и приватни имоти во Куманово.

- Во чест на одбележување на празникот на жената 8-ми Март, денеска Секторот за внатрешни работи Струмица, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност ја спроведоа кампањата „Вози одговорно“.

- Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со заменик министерката за здравство Маја Манолева ги посетија жените борки од Градски одбор на Сојуз на борци по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март.

- Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до судијата на претходна постапка од скопскиот Основниот кривичен суд, доставил предлог за определување мерка притвор против 45-годишен државјанин на Косово, осомничен за кривично дело - „давање поткуп“ по член 358 став 1 од Кривичниот законик.

- Општина Гевгелија ги известува граѓаните кои претрпеле штети од вчерашното невреме проследено со дожд и град кое го зафати овој регион дека можат да поднесат барање до Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општината.

– Градоначалникот на Тетово Биљал Касами вели дека купиштата смет што се создаваат околу контејнерите изминативе неколку недели се должи на тоа што немало каде да се носи сиот отпад од градот. Според него, надминат е проблемот со депонијата Русино каде имало ограничување на тоа колку количини смет може да се остават.

- Рускиот генерал Владимир Зарудинцки предупреди дека конфликтот во Украина може да ескалира во војна во Европа и рече дека веројатноста силите на Москва да бидат вклучени во нов конфликт „значително се зголемува“.

– Маж вооружен со нож и пиштол утрово е уапсен во училиште во Петершаген, во близина на главниот град на Германија, Берлин.

– Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека ќе го нападне градот Рафа и покрај зголемените меѓународни критики.

– Израелските населби на окупираните палестински територии се проширија на рекордно ниво, ставајќи ја во опасност практичната можност за создавање палестинска држава, изјави високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк.

– Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во филипинскиот регион Минданао. Земјотресот бил на длабочина од 124 километри, а епицентарот бил на 140 километри југоисточно од градот Мати.

 - Властите во Јапонија воведуваат ограничувања за посетителите во „Округот на гејшите“ Гион - едно од најпопуларните туристички места во градот Кјото. Имено, на посетителите ќе им биде забрането да влезат во неговите живописни улици.

– Во Индија е разбиена „голема мрежа за трговија со луѓе“, која намамувала млади мажи да работат во Русија, но биле принудени да се борат во војната со Украина.

 

Тагови

Остани поврзан