• недела, 19 мај 2024
МИА Флеш

10 мај 2024

 

- Парламентарните избори во 2024 година го „зачуваа“ местото на повеќе од досегашните претставници на народот, а дел од нив ќе мора да се збогуваат со пратеничката функција. Според последните резултати од Државната изборна комисија, новиот пратенички состав бележи голем број старо-нови пратеници, а неколку познати имиња се помеѓу оние кои засега ќе се збогуваат со законодавниот дом.

 

 -  Илјада и тринаесет станови се предвидени за изградба со издадните  321 одобрение за градење во март годинава, а повеќе од половина од становите, 607, се во Скопскиот регион, покажуваат податоците што ги објави денеска Државниот завод за статистика.

 

- Спроведовме европски избори во слободни, мир, фер и демократски изборни процеси во двата изборни круга. Со тоа, со право можам да оценам дека придонесовме во европското поведение на земјата, која што стреми да биде членка на ЕУ, порача на денешната прес-конференција техничкиот премиер Талат Џафери.

 

-  Комплетирани се дигиталните катастарски планови во државава откако во централната база се внесени податоците за последната катастарска општина – К.О. Тетово 2. и е создадена платформа за систем на географски информации засновани на интернет (WEB GIS). 

 

 - Украинскиот претседател Володимир Зеленски и ја честита победата за престседател на државава на Гордана Сиљановска Давкова,  посакувајќи и успешен и плоден мандат

 

- Доскорешниот шеф на српската дипломатија, сега министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, ја оцени како „срамна и безобразна“ најавата на Црна Гора дека ќе гласа за резолуцијата на ОН за геноцид во Сребреница, јави дописникот на МИА од Белград.

 

- Лидерот на ХДЗ и премиер на техничката влада на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска на претседателот на Републиката, Зоран Милановиќ му врачи 78 потписи за добивање мандат за формирање нова извршна власт по парламентарните избори одржани на 17 април.

 

- Проблемот со намалувањето на стапката на наталитетот мора да се решава на институционално ниво, а мајките не треба да се доведуваат во позиција да избираат меѓу работата и грижата за своите деца, изјави денеска поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.

 

 - Новиот шкотски премиер Џон Свини денеска изјави дека верува оти Шкотска може да стане независна во следните пет години. - Мислам дека независноста може да се постигне во таа временска рамка бидејќи аргументите за тоа се убедливи, изјави Свини за Скај Њуз. 

 

– Шпанија, Малта, Ирска и Словенија наскоро официјално ќе ја признаат државата Палестина, што би можело да ги поттикне и другите земји од ЕУ да го сторат истото, изјави денеска високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

 

-Претстојниот мировен самит во Украина, навидум најамбициозниот обид во последните години на неутралната Швајцарија да посредува во голем конфликт, наместо тоа, покажува како швајцарските економски и безбедносни интереси се повеќе се усогласуваат со Западна Европа поради Русија. Ова е ставот на двајцата швајцарски застапници за поблиска соработка со западните сили и националистичките противници кои велат дека Швајцарија ја напушта својата неутрална традиција и треба да го ограничи просторот за туѓи заплетки.

 

– По барање од Малдивите, Индија целосно ги повлече своите трупи од архипелагот во Индискиот Океан, јави ДПА. Портпаролката на претседателот на Малдивите Мохамед Муицу денеска го потврди потегот, јави локалната медиумска групација Сан.

Тагови

Остани поврзан