• среда, 24 април 2024
МИА Општински пул

28 март 2024 

Куманово - Професијата негувател на стари лица се повеќе е барана на пазарот на трудот, сметаат надлежните од општинската организација на Црвен крст Куманово. Од организацијата денеска информираа дека како лиценциран давател на услуга веќе обучуваат втора група негуватели.

- Во Куманово оваа услуга е нова, односно претходната 2023 година се лиценциравме од во јануари 2024 година потпишавме управен договор и започнавме со спроведување на услугата. До сега имаме девет корисници опслужени од тројца негуватели, меѓутоа по завршување на обуката планираме да ја прошириме услугата затоа што ќе имаме 14 нови обучени негуватели, изјави Ива Младеновска, секретар на општинската организација.

Штип - Дванаесет доктори на науки денеска промовираше Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип во рамките на одбележување на 17 години од постоењето. Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски истакна дека осум доктори на науки се од медицинските науки, а четворица од останатите факултети на Универзитетот.

-Денеска е денот на нивната промоција во чест на нашиот патрон празник, како Универзитет еднаш годишно ја вршиме оваа промоција и официјално ги промовираме нивните докторски дипломи. Чест ми е што имаме поголем број на доктори, а посебна чест ми претставува што квалитетот на нивните трудови е препознатлив и прифатлив во реалната пракса и од пошироката наука, вели Мираковски.

Охрид - Министерот за здравство, Илир Демири и заменик-министерката Маја Манолева, денеска беа во работна посета на Охрид, при што ги посетија Здравствениот дом во Охрид и Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“.

Како што посочи Демири, изминатиот период значително се унапредени условите во Здравствениот дом и е подобрено нивото на здравствената заштита, со спроведените активности за реновирање на просториите во Службата за вакцинации.

Велес - Во Ликовниот салон во Велес вечер ќе биде отворена изложбата „Храбриот нов свет“ од авторот Јордан Ѓорчев, организирана од Jоrdan Gore Gallery. Ќе бидат претставени 30 дела акрил на платно, избрани дела  од авторот  од периодот  2023 и 2024 година.

Јордан Ѓорчев роден и живее и твори  во Свети,основач е на  на Меѓународен Славјански Универзитет – Свети Николе и Битола, претседател на Управен Одбор на МСУ.

Во неговата биографија пишува дека уште во основно и средно образование ги цртал своите први карикатури и кратки стрипови и ги пишувал своите први песни кои се објавуваат во месниот весник „Мал Борец“, како и првата самостојна изложба на карикатури „Бесилка“ уште во средно училиште.

Кавадарци - Пошумување на Глишички рид се реализираше денеска во близина на Кавадарци, акцијата беше во организација на кавадаречката локална  самоуправа, во соработка со еколошкото друштво ,,Еко - живот" и ученици од трите средни училишта во градот. 

Доне Илов, раководител на сектор за животна средина при Општината, рече дека шеста година по ред, се посадуваат садници на ерозивни подрачја. 

- Пролетва ќе бидат продадени околу 2.5 илјади садници. Овојпат посадуваме багрем, додаде тој. 

Претседателот на ,,Еко - живот", Роберто Паризов апелираше и други субјекти во општината, да се вклучат во вакви и слични еколошки  акции. 

Скопје - Почнува 19-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности, кој ќе се одвива во текот на целата година во организација на здружението Факултет за работи што не се учат - ФРУ. Ќе бидат промовирани повеќе мурали на кои работат тројца млади уметници, а е предвидено да се изработат низ различни градови во државата, опфаќајќи тематики во духот на солидарноста на заедницата.

Првиот мурал, кој е веќе завршен, се наоѓа во Скопје на зградата бр.33, на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, спроти студентскиот дом „Кузман Јосифовски - Питу“. Муралот денеска ќе биде промовиран, а на него работеа уметниците Ивана Самандова, Ана Трајковска и Доротеј Нешовски.

Скопје - Една година по поднесувањето на Иницијативата за регулирање, конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти од градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски до ЗЕЛС, Собранието го донесе Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист, одземени предмети во кривична и прекршочна постапка.

Како што информира Општина Центар, станува збор за Иницијатива со која на сите локални самоуправи во државата им се дава можност за конфискација на бесправно изградените објекти на нивна територија и нивна пренамена во функција на општината.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска изјави дека прифаќањето на Иницијативата за конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти и нејзино преточување во Законско решение е победа на Општина Центар, но, како што рече, и на сите други општини во државата.

Скопје - Драмски театар - Скопје ја именува својата голема сцена во „Ристо Стефановски“, кој беше театролог, театарски работник, театарски историчар и долгогодишен директор на оваа културна установа (1957-1983). Беше промовирана и монографијата „Ристо Стефановски“.

Ристо Стеафновски е роден на 5 декември 1928 година во Скопје,  кој на 22 април 1957 година бил назначен за директор на Куклениот театар, подоцна преименуван во Младинско-детски театар и на крај преименуван во добро познатиот Драмски театар во Скопје, каде бил директор повеќе од  25 години.

Остани поврзан