• сабота, 18 мај 2024

Излезеноста на гласањето за првиот круг од претседателските избори до 18:30 часот е 48,46 проценти

Излезеноста на гласањето за првиот круг од претседателските избори до 18:30 часот е 48,46 проценти

Скопје, 24 април 2024 (МИА) – Излезноста на гласачите до 18:30 часот од обработени податоци од 3.174 избирачки места е 48,46 проценти, односно на гласање излегле 801 074 гласачи.

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски соопшти дека најголема излезност има во Новаци каде на гласање излегле 71,07, а најмала во Центар Жупа 16,90 проценти. 

- Гласањето помина мирно без поголеми инциденти на гласачките места, изјави Даштевски.

Продолжено гласање ќе има во едно место во Демир Хисар, Липково, Могила и во Делчево. 

Уважени се 134 поплаки од граѓани за избирачко право, на бесплатна телефонска линија на ДИК имало 10 јавувања на граѓани, а како видео повици имало од осум лица со оштетен слух.

На три места во Куманово гласањето е прекинато и тие се затворени. Како што објасни претседателот на ДИК доколку резултатите од овие избирачки места имаат влијание на крајниот резултат ќе има прегласување. ев/бак/

Фото: МИА 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан