• четврток, 21 ноември 2024

Кривопаланечките пожарникари помагаа во гасење пожар во Велес

Кривопаланечките пожарникари помагаа во гасење пожар во Велес

Крива Паланка, 20 јули 2024 (МИА) - На барање на градоначалникот на Општина Градско, Киро Нацков, Општина Крива Паланка и Територијалната противпожарна единица Крива Паланка испратија тим од едно противпожарно возило и тројца пожарникари  за поддршка во справувањето со пожарот на територијата на село Подлес, Градско.

- Секогаш сме тука за помош, во рамки на нашите можности и капацитети. Гасењето на пожарот во Подлес се одвиваше во тешки услови поради непристапниот терен, високите температури и силниот ветар. Во гасењето, освен нашата екипа, учествуваа и ТППЕ Свети Николе , ТППЕ Кавадарци, Комуналното претпријатие на Градско , Полициски службеници при ПС Градско, Припадници на Армијата , мештани, приватни фирми. Пожарот се гасеше и од воздух од страна на ер+ трактори при Дирекцијата за заштита и спасување, информираат од ТППЕ Крива Паланка.

Оттаму упатија благодарност до координаторот на акцијата за гасење, полицискиот службеник, Виктор Коцев.

Инаку, во изминатите 48 часа, ТППЕ Крива Паланка на подрачјето на општината извршиле две интервенции: на 18 јули 2024, на шумски пожар во село Конопница, маала Партаљци, каде е интервенирано со едно возило и тројца пожарникари, како и екипа од Подрачбо шумско стопанство „Осогово", Крива Паланка со едно возило и четворица вработени.

Денеска во истото село, во Конопница, маала Калиманци успешно е изгаснат пожар на борова и дабова шума. иб/цр

Фото: Територијалната противпожарна единица Крива Паланка

 

Остани поврзан