• недела, 12 мај 2024
МИА Флеш

6 март 2024 

- Годинава, по повод Меѓународниот ден на жените – 8 Март, Собранието ја продолжува праксата на одржување пригодна пленарна седница исклучиво посветена на родовата еднаквост и на унапредувањето на женските права.

 

- Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе забрани посета во градинки на деца кои немаат примено ДТП вакцина, само доколку препораката на Комисијата за заразни болести како советодавно тело на министерот за здравство, биде прифатена и со одлука, а Министерството за здравство му наложи на Инспекторатот вршење вонредни инспекциски надзори заради увид во вакциналните потврди обезбедени од вакциналните пунктови за примена ДТП вакцина, порача денеска директорката на ДСЗИ Рената Младеновска.

 

- Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ја повика опозицијата, која најави дека ќе поднесе 40 амандмани за законите за стратешки инвестиции во енергетиката, да биде разумна и одговорна и да присуствува на амандманската расправа за да ги слушне одговорите на секој амандман.

 

- Техничкиот премиер Талат Џафери денеска изјави дека МВР ја интензивирало динамиката во однос на вадењето лични документи со новото име и според него ако оваа динамика продолжи, до изборите оние граѓани кои немаат документи со новото име тоа би можеле да го завршат до почетокот на изборите. Џафери додаде дека тоа е процедурата, а граѓаните, како што рече самите треба да го иницираат процесот и доколку до почетокот на изборите има такви кои немаат документи со новото име, тогаш обврска на Владата е да излезе со соодветна одлука, што и како ќе постапи.

 

 – Сивата економија почнува на границата, а од спречувањето на корупцијата на граничната линија зависи и опстојувањето на државата. Ако се има предвид дека според проценките на Светска банка 36 отсто од националниот БДП отпаѓа на сивата економија, тоа се милијарди евра чие оданочување би обезбедило стотици милиони евра во државниот буџет. Тоа го истакна Националниот координатор за гранично управување, Владимир Пивоваров, на денешната прес-конференција на зборуваше за планираните активности на новоформираниот Национален совет за гранично управување.

 

 - Владата ниту е судија ниту обвинител и не може да постапи како суд, одговори техничкиот премиер Талат Џафери на прес-конференција во одговор на новинарско прашање дали ќе постапи по иницијативата на ДКСК да се бара одговорност од првиот човек на Фондот за иновации поради утврдени нерегуларности со грантовите дадени на фирми на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети.

 

- Владата на Република Северна Македонија, на синоќа одржаната 9. седница, го утврди текстот на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми со кои се предвидува поддршка на националните весници во вид на еднократна финансиска помош што печатените медиуми би ја добивале од страна на Владата.

 

 - Членовите на собраниската Законодавно-правна комисија денеска дадоа поддршка за Предлог законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, по скратена постапка, откако вчера ова законско решение помина и во Комисијата за европски прашања. Потоа пратениците треба да расправаат за него на пленарна седница.

 

 - Вицепремиерот за економски прашања Фамир Битиќи денеска најави дека ќе поднесе нова претставка до Комисијата за заштита од конкуренција доколку се утврди дека има картелски здружувања меѓу трговците по укинувањето на мерката за гарантирани цени на прехранбените производи. 

 

 - Интензивно се работи на рехабилитацијата на улицата „300“ во населбата Ајдучка чешма во Куманово. Увид денеска изврши министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој кажа дека реконструкцијата на патот која се спроведува преку Министерството се изведува согласно предвидената динамика. На улицата се спроведува целосна реконструкција.

 

- Албанската министерка за туризам и животна средина Мирела Кумбаро соопшти дека во првите два месеца од годинава Албанија ја посетиле околу милион странски туристи, што е 41 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Според неа, само во месец февруари, земјата ја посетиле 480.539 странски туристи или 55 отсто повеќе споредено со истиот месец минатата година.

 

– На денешната седница на Парламентот на Словенија избрана е Андреа Катиќ за нова министерка за правда, со  45 гласа „за“ и 18 „против“. Поранешната министерка за правда Доминика Шварц-Пипан поднесе оставка од функцијата по контроверзното купување на зграда планирана за судска зграда.

 

- Парламентот на Бугарија, едногласно, со 216 гласа „за“ ја прифати оставката на премиерот Николај Денков и на владата. Одлуката е донесена во отсуство на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов и вицепремиерката Марија Габриел, која според планот треба да биде идниот премиер.

 

– Под мотото „Зајакнување, Зачувување, Заштита“ попладнево во романскиот главен град Букурешт започнува дводневниот Конгрес на Европската народна партија (ЕПП), на кој треба да биде одобрен партискиот Изборен манифест и избран водечкиот кандидат на партијата за евроизборите во јуни годинава.  

 

 - Елена Зеленска, првата дама на Украина, одбила покана од Белата куќа за присуство на годишното обраќање до нацијата на претседателот на САД Џо Бајден, еден од најважните политички настани во Вашингтон.

 

- Украинско беспилотно летало погоди резервоар за гориво во еден од најголемите руски капацитети за преработка на железна руда, иако никој не е повреден, а фабриката работи нормално, соопштија руските власти и сопственикот на фабриката.

 

 – Лидерот на Хамас, Јахја Синвар наводно се соочува со критики од раководството на палестинската исламистичка организација поради што самостојно го одобрил нападот врз Израел на 7 октомври минатата година, објави „Скај њуз арабик“ (Sky News Arabic) повикувајќи се на неименувани палестински извори.

 

 - Куба исклучи речиси три четвртини од јавното осветлување за време на шпицот за да се бори против зголемениот недостиг на енергија и растечката економска криза, објавија денеска државните медиуми.

 

 - Двократниот шампион во Формула 1, Мика Хакинен, изјави дека возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ќе мора да се прилагоди на начинот на функционирање на Ферари во 2025 година.

 

 

Тагови

Остани поврзан