• понеделник, 16 септември 2024
МИА Општински пул

16 септември 2024

Скопје - Без струја утре од 8:30 до 12:30 часот ќе бидат дел од жителите од скопското село Кондово, општина Сарај. 

Како што информира РЦУК - Скопје, прекинот е поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа во Град Скопје.

Скопје - Поради дефект на приклучна цевка на ул. „Анри Барбис“ бр.43 денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисници од улиците „Анри Барбис“, „Карл Либних“ и „Темко Попов“.

 ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека прекинот ќе биде од 09:30 часот до завршување со работните активности. 

Кочани - Доброволното противпожарно друштво – Кочани го прослави третиот роденеден, а по тој повод волонтерите организираа Меѓународен противпожарен натпревар на кој учествуваа доброволци од Бугарија, Србија, Словенија, како и од повеќе друштва од Македонија.

Пожарникарите се натпреваруваа на претходно зададени сценарија, на четири противпожарни полигони, од кои три лоцирани во централното градско подрачје и еден во кругот на Територијалната противпожарна единица во Кочани.

Скопје - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје во периодот од 9-ти до 15 септември со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 94 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар. 

Скопје - Викендов во Ѓорче Петров беше исполнет со култура, уметност и заедништво, што ги обедини сите генерации на едно место. Во Домот за култура Ѓорче Петров, граѓаните имаа привилегија да уживаат во спектакуларниот мјузикл „Приказната за генијалната Матилда“, кој ги остави сите без здив. Младите таленти од нашата општина го покажаа својот неверојатен талент и страст, пренесувајќи магија на сцената.

„Оваа изведба беше вистинска гордост за Ѓорче Петров,“ изјави градоначалникот, Александар Стојкоски. „Нашите млади уметници го докажаа својот потенцијал и за нас е чест што ја поддржуваме нивната работа. Ова е уште еден доказ дека културата е силен столб во нашата општина.“

Скопје - Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. 

Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 10 септември до 13 септември годинава, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. 

Скопје - Поради уличен водоводен дефект од ф 10мм на ул. „Казанџиска“ бб, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улиците „Казанџиска“ и „Укшин Хоти“.

Како што информираа од ЈП Водовод и канализација - Скопје прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 09:10 часот до завршување со работните активности. 

 

Остани поврзан