• вторник, 17 септември 2024

МИА Општински пул

МИА Општински пул

16 септември 2024

Штип - На сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип вечерва во 19 часот почнува 12. издание на Фестивалот за деца и младинци „Малиот принц“. Директорката на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Кристина Атанасова Арсова на денешната прес-конференција истакна најмладата публика вечерва на отварањето на Фестивалот „Малиот принц“ ќе ја проследат претставата „Книголандија“, во изведба на ансамблот на Народниот театар Штип (НТШ).

-Во вторник во 12 и во 13.30 часот за нашите најмали првачиња од основните училишта решивме да и направиме едно изненадување, да им покажеме дека театарот е нивни пријател, не треба да го заборават, туку почесто да го посетуваат. Затоа што во театарот навистина има интересни игри и едукација, покрај образовниот систем. Затоа за нив утре ќе организираме „Театар на сенки“, според  сликовницата „Касни порасни“ на Петре М.Андреевски, а всушност оваа претстава ни доаѓа од Детски креативен центар МКЦ. Исто така нашите актерки од НТШ ќе спроведат една работилница „Изработување на маски“, со цел децата да научат како ние ги изработуваме театарските маски, вели Атанасова Арсова.

На Фестивалот за деца и млади „Малиот принц“ најмладата публика ќе може да  проследи вкупно пет тетарски претстави, гостуваат театри од Куманово, Битола, Скопје и од соседна Бугарија. Фестивалот се затвара на 19 септември со претствата „Приказни по телефон“ во изведба на актерите од Здружение за уметности и култура „Водолеј“ - Р. Бугарија. Сите претстави почнуваат во 19 часот, а цената на билетите е 100 денари. 

Кавадарци - Лозари од Тиквешко кои имаат лозови насади што не се под систем за наводнување, бараат сушата што го зафати оваа година регионот да се прогласи за елементарна непогода и да добијат отштета за намалениот род во лозјата.

Во изјава за МИА, рекоа дека сушата им земала данок од родот, во висина од педесетина до стотина проценти, зависно од сортите на грозје и местоположбата на лозовите насади. Според нив, најголеми последици од климатските промени има во месностите Овчка Река и Белград, како и атарите на селата Бегниште, Ресава и Дреново. 

Кавадарчанецот Диме Соколов е само еден од оние кои претрпеле штети од сушниот период. 

- Има многу производители на грозје кои нема да влезат за берење грозје во лозовите плантажи, што се вели, бидејќи од гроздовите останаа само сувите дршки. Гроздовите зрна се целосно испиени од сушата. Имам 33 декари под лозје, од кои дури 27 на суво. Штетите во моите ниви се движат од околу 50 до близу 70 проценти, подвлече Соколов. 

Тој се пожали дека уште пред околу 25 години им било ветувано дека во месностите надалеку познати по убавото грозје, Овчка Река и Белград, ќе се донесе вода за наводнување, а многу од лозаропроизводителите верувале во тие ветувања и подигнале кредити за подигнување на лозови насади. 

- Многумина од нас ризикуваа, се задолжуваа со кредити, а вода не добивме, додаде тој, апелирајќи да се слушне нивниот глас и конечно да се размислува да се донесе вода за наводнување и таму, каде што засега нема можност за наводнување на земјоделски површини, вели тој. 

Дека лозари се пожалиле оти сушата предвреме им „обрала" дел од родот, за МИА потврди и Ѓорѓи Ајтов, советник во подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството во Неготино. 

- Има и такви кои барајќи спас од сушата, инвестираа во купување мали цистерни, па кога имаше потреба од наводнување, ги полнеа цистерните со вода од каналите за наводнување, па носеа вода до лозјата. Мачно е, ама тоа се обиди да се спаси родот. Инаку во најсушните периоди и енормни високи температури, штети има дури и кај лозовите насади под систем за наводнување, кај грозјето директно изложено на сонце, иако значително помалку, отколку кај лозјата на суво, додаде Ајтов. 

Јован Златевски, претседател на Сојузот на здруженија на лозари со седиште во Кавадарци и на потсекторската група за лозарство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во изјава за МИА рече дека ќе свика состанок на потсекторската група со точка на дневен ред, прогласување елементарна непогода од суша и обесштетување поради намален род на грозјето. 

Златевски рече дека евидентно е намален приносот во лозјата поради сушата, но, додаде дека точното потфрлување во родот ќе се знае откако ќе се направат проценките од терен. 

- Ќе барам на состанокот да се расправа и за уште еден проблем со кој се соочија лозарите оваа гроздоберска сезона. Имено, иако одделни откупни пунктови на откупните белешки им пишуваа точна шеќерност на откупеното грозје, при исплатата на парите тоа не го земаа во предвид, па им даваа на лозаропроизводителите загарантирани минимални цени по килограм грозје. Ќе бараме од надлежните да се интервенира и тие откупувачи да плаќаат според шеќерни единици, како што е според закон, истакна Златевски.

Дебар - Во Националната установа Центар за култура во Дебар од 25 до 30 септември ќе се одржи 23 издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“.

На оваа манифестација, која редовно се одржува во Дебар, како што информираше за МИА, директорот на фестивалот Илбер Нуредини, пред публиката ќе се претстават театарски куќи од Скопје, Тетово, Гостивар, Драч, Подујево и Прешево.

По подолг период ќе има претстава и на македонски јазик.

Пред дебрани на 28 септември во 19.30 часот ќе настапи Македонскиот народен театар-Скопје со претставата „Лагата“ од Флоријан Зелер, во режија на Бесфорт Идризи.

Фестивалот свечено ќе го отвори градоначалникот Хекуран Дука на 25 овој месец во 19:20 часот, а први пред дебарската публика заедно ќе настапат актерите од гостиварски театар и театарот „Александар Моисиу“ од Драч, во претставата „Отворениот пар“ од Дарио Фо и Франка Раме, во режија на Сулејман Рушити.

Следните денови ќе настапат театарот од Тетово, Албански театар- Скопје, Македонски народен театар-Скопје, Театарот „Авдуш Асани“ од Подујево, рече Нуредини.

На последната фестивалска вечер ќе биде изведена претставата „Графити“ од Мехмет Краја во изведба на театарот од Прешево, по што ќе бидат доделени наградите за најдобра претстава, режија, актер и актерка.

- Голема благодарсност до македонското министерство за култура, кое годинава ни додели 750 илјади денари и секако општина Дебар, од каде очекуваме поддршка од 700 илјади денари. Секако, благодарност и до другите донатори. И во оваа прилика сакам да го повторам барањето за институционализирање на фестивалот, што со години наназад го поставуваме. Очекувам конечно тоа да биде реализирано, посочува Нуредини за МИА.

Фестивал е дел од културните активности во рамки на манифестацијата „Дебарско култуно лето 2024“.

Прилеп - Со претставата „Убавицата и ѕверот“ денеска во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ почна петтото издание на детскиот театарски фестивал „Силјан Штркот“. До сабота, детската и младинската публика ќе види пет претстави за деца и млади („Убавицата и ѕверот“, „Чернодрински се враќа дома“, „Бременски музиканти“, „Сомнително лице“, „Книголандија“), како и работилници за уметничките елементи за обликување на една претстава.

Организатори на детскиот театарски фестивал „Силјан Штркот“, се Здружението за култура, уметност и социјално претприемаштво Прилеп и актерките Марија Спиркоска Илијеска и Ангела Наумоска.

- Петта година театарскиот фестивал за деца  „Силјан Штркот“ е значаен настан кој продолжува да го збогатува културниот живот кај најмладите. Фестивалот нуди многу придобивки за развојот на децата и за културниот живот на заедницата. Тој е важен од повеќе аспекти: за развивање на креативноста кај децата, за збогатување на образованието, развивање на социјални вештини, јакнење на емотивната интелигенција како и за  критичкото размислување, вели актерката Марија Спиркоска Илијеска.

Фестивалот е битен чекор во продолжувањето на традицијата на промоција на театарот за деца.

- Секој ден имаме посета на градинки за најмалите деца да земат учество во интерактивните активности и игри. Работилниците кои се предвидени за оваа година, се од различен уметнички свет. Танц, ликовна уметност и драмска култура за да можат децата да се запознаат со основните принципи на и правци во уметноста, објаснува актерката Ангела Наумоска.

И  оваа година театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“ ќе заврши со забава за целото семејство со „5+ Бенд концерт“.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура.

Дебар - Во Националната установа Центар за култура во Дебар од 25 до 30 септември ќе се одржи 23 издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“. На оваа манифестација, која редовно се одржува во Дебар, како што информираше за МИА, директорот на фестивалот Илбер Нуредини, пред публиката ќе се претстават театарски куќи од Скопје, Тетово, Гостивар, Драч, Подујево и Прешево. По подолг период ќе има претстава и на македонски јазик.

Пред дебрани на 28 септември во 19.30 часот ќе настапи Македонскиот народен театар-Скопје со претставата „Лагата“ од Флоријан Зелер, во режија на Бесфорт Идризи.

Фестивалот свечено ќе го отвори градоначалникот Хекуран Дука на 25 овој месец во 19:20 часот, а први пред дебарската публика заедно ќе настапат актерите од гостиварски театар и театарот „Александар Моисиу“ од Драч, во претставата „Отворениот пар“ од Дарио Фо и Франка Раме, во режија на Сулејман Рушити.

Кавадарци - Лозари од Тиквешко кои имаат лозови насади што не се под систем за наводнување, бараат сушата што го зафати оваа година регионот да се прогласи за елементарна непогода и да добијат отштета за намалениот род во лозјата.

Во изјава за МИА, рекоа дека сушата им земала данок од родот, во висина од педесетина до стотина проценти, зависно од сортите на грозје и местоположбата на лозовите насади. Според нив, најголеми последици од климатските промени има во месностите Овчка Река и Белград, како и атарите на селата Бегниште, Ресава и Дреново. 

Кавадарчанецот Диме Соколов е само еден од оние кои претрпеле штети од сушниот период. 

Има многу производители на грозје кои нема да влезат за берење грозје во лозовите плантажи, што се вели, бидејќи од гроздовите останаа само сувите дршки. Гроздовите зрна се целосно испиени од сушата. Имам 33 декари под лозје, од кои дури 27 на суво. Штетите во моите ниви се движат од околу 50 до близу 70 проценти, подвлече Соколов.

Штип - На сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип вечерва во 19 часот почнува 12. издание на Фестивалот за деца и младинци „Малиот принц“. Директорката на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Кристина Атанасова Арсова на денешната прес-конференција истакна најмладата публика вечерва на отварањето на Фестивалот „Малиот принц“ ќе ја проследат претставата „Книголандија“, во изведба на ансамблот на Народниот театар Штип (НТШ).

-Во вторник во 12 и во 13.30 часот за нашите најмали првачиња од основните училишта решивме да и направиме едно изненадување, да им покажеме дека театарот е нивни пријател, не треба да го заборават, туку почесто да го посетуваат. Затоа што во театарот навистина има интересни игри и едукација, покрај образовниот систем. Затоа за нив утре ќе организираме „Театар на сенки“, според  сликовницата „Касни порасни“ на Петре М.Андреевски, а всушност оваа претстава ни доаѓа од Детски креативен центар МКЦ. Исто така нашите актерки од НТШ ќе спроведат една работилница „Изработување на маски“, со цел децата да научат како ние ги изработуваме театарските маски, вели Атанасова Арсова.

Скопје - Општина Илинден и Градот Врање потпишаа заеднички меморандум за соработка во насока на воспоставување и одржување на успешно партнерство. Меморандумот го потпишаа Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и градоначалникот на Градот Врање, Слободан Миленковиќ, со што се создадени услови за развој и унапредување на постоечките модалитети за соработка во економијата, културата, образованието, спортот и други области, информират од Општина Илинден. 

Оттаму велат дека соработката помеѓу Општина Илинден и Градот Врање особено ќе биде насочена кон реализирање на заеднички развојни проекти со посебен акцент за искористување на ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПРЕТПРИСТАПНА ПОМОШ  (ИПА III)- прогама за прекугранична соработка Србија - Македонија 2021-2027.

Прилеп - Општина Прилеп ќе додели 20 стипендии на студенти на Економскиот факултет во Прилеп. Јавниот повик за пријавување е распишан денеска.

Целта е да се покаже опшествена одговорност кон младите за нивно академско усовршување во општината каде живеат, како и за обезбедување социјална заштита на социјално ранливите категории на студенти од Прилеп.

-Крајна цел на доделувањето на стипендиите е придонес на студентите кон општина Прилеп за нејзина афирмација, соопштуваат од прилепската локална самоуправа.

Остани поврзан