• петок, 17 мај 2024

Зголемено нивото на реките Вардар и Пчиња

Зголемено нивото на реките Вардар и Пчиња

Скопје, 19 април 2023 (МИА) - Зголемено ниво на реките во однос на просекот за април се бележи денеска на реката Вардар кај Јегуновце, кај Скопје, кај Велес и кај Демир Капија, како и на Пчиња кај Пелинце и кај Катлановска Бања.

Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека намалени водостои има на реката Струмица кај Ново Село, на Црна Река кај Новаци, како и на Сатеска кај Ботун.

Водостоите на Охридското и Препанското и на Дојранското Езеро според денешните мерења, се во рамки на просекот. дма/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан