• среда, 12 јуни 2024

Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд

Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд

Скопје, 17 мај 2024 

Европскиот фронт со голема загриженост ги проследи денешните скандалозни заканувачки изјави на лидерите на опозицијата кои загубија на претседателските и парламентарните избори кон Управниот суд.

Европскиот фронт ги регистрираше овие закани и ја извести целата меѓународна заедница и сите локални и меѓународни институции за јавни изјавите со закани како и обидот за изборен инженеринг со надворешно-институционални меѓупартиски договори за гласање и надгласување во Државната изборна комисија. како и со партиски притисоци до управниот суд.

Овој обид за изборен инженеринг има за цел да го промени односот на бројките во Собранието преку политички договор на маса.

Со политички договори и монструозен антидемократски план, зготвен во партиските штабови на ВМРО, СДСМ и Влен, се прави обид да се наруши волјата на граѓаните.

Седницата на Државната изборна комисија беше скандалозна демонстрација на прегласување и суспендирање на принципите на Охридскиот договор.

Ги повикуваме сите институции да постапат согласно Законот, без партиски или политички директиви од која било партија и да го заштитат кредибилитетот на изборниот процес до крај без да се стави никаква дамка на волјата на граѓаните изразена на избори. 

Европски фронт

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан