• сабота, 27 јули 2024

Анкета за примената на Законот за употреба на јазиците во органите на државната власт

Анкета за примената на Законот за употреба на јазиците во органите на државната власт

Скопје, 17 мај 2024 (МИА) - Агенцијата за примена на јазикот на Република Северна Македонија во соработка со Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦ) и со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе изврши теренска анкета.

Анкетата ќе биде спроведена од мај до август 2024 преку анкетен прашалник и поврзана со примената на Законот за употреба на јазиците во сите органи на државната власт во Република Северна Македонија.

-Поточно, во централните институции, јавните претпријатија, агенциите, дирекциите, установите и организациите, комисиите, правните лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, како и во единиците на локалната самоуправа каде што се користи јазикот кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните, соопшти Агенцијата за примена на јазикот на Република Северна Македонија. хс/са/ 

Фото: принтскрин

 

 

Остани поврзан