• сабота, 18 мај 2024

Анчелоти верува дека Винисиус ќе ја освои Златната топка

Анчелоти верува дека Винисиус ќе ја освои Златната топка

Мадрид, 26 октомври 2023 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го сподели своето мислење за перформансите на напаѓачот на тимот Винисиус Јуниор.

- Тој дефинитивно ќе ја освои Златната топка и тоа ќе се случи наскоро. Винисиус се врати од повредата во добра форма и му помогна на тимот да ја победи Брага, го цитира Анчелоти „TNT Sports“.

Дваесет и тригодишниот Бразилец постигна три гола и исто толку асистенции во девет настапи во сите натпреварувања за Реал Мадрид оваа сезона.

Во сабота, на 28 октомври, мадриѓаните ќе играат против Барселона во рамките на 11. коло од шпанското фудбалско првенство. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан