• недела, 23 март 2025
МИА Општински пул

Скопје - Без вода денеска од 9:30 часот се дел од жителите од скопското село Батинци, општина Студеничани. 

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради уличен водоводен дефект од ф-100 милиметри на улица „2“ број 13 во село Батинци. 

Без вода денеска од 9:20 часот се дел од корисниците лоцирани на улица „Индира Ганди“ во општина Шуто Оризари. Прекинот е поради уличен водоводен дефект на улица „Индира Ганди“ бр.31.

Водоснабдувањето на двете локации ќе биде прекинато до санирање на дефектите. 

Скопје - Без струја утре од 9:00 до 12:00 часот ќе бидат дел од жителите на општина Студеничани, лоцирани од влезот на село Батинци кон депонијата Дрисла.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа. 

Куманово - Пожар зафатил кровна конструкција на напуштени објекти во поранешната касарна „Христијан Тодоровски Карпош“ во населбата Бедиње во Куманово, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Три противпожарни екипи и шестина пожарникари интервенирале вчера на пожарот во периодот од повеќе од два часа.

Објектот чиј покрив бил зафатен од пожар се наоѓал во внатрешноста на поранешната касарна.

На просторот на поранешната касарна во Куманово површина сместени се две училишта, во моменов тече изградбата на гимназијата „Сами Фрашери“, а лоцирани се и подрачни единици на државни институции. 

Вчера пожарникарите интервенирале и на гаснење на запален оџак во село Доброшане, како и на запалена сува трева во селата Табановце и Косматац.

Скопје - Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф „5/4“ на улица „Дане Крапчев“ бр. 21 со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од оваа и од улиците „Дебарца“ и „Славка Недева“.

Како што информираат од ЈП „Водовод иканализација“ прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 11:00 часот до завршување на работните активности за санација на дефектот

Остани поврзан