• четврток, 02 мај 2024
МИА Радио флеш

25 април 2024

- Гордана Силјановска Давкова, претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашниот прв круг избори за шеф на државата, победи во 60 општини во земјава, кандидатот на СДСМ Стево Пендаовски освои најмногу гласови три, Бујар Османи од ДУИ во 15, а Арбен Таравари од Вреди и Максим Димитриевски од ЗНАМ во по една општина. 

Гордана Силјановска Давковска победи во: Аеродром (51,48 %), Берово (54,92 %), Битола (48,44%), Богданци (49,59 %), Босилево (57,61 %), Брвеница (33,54 %), Бутел (43,91%), Валандово (50,29 %), Василево (60,18 %), Вевчани (56,15 %), Велес (53,57 %), Виница (56,71 %), Гази Баба (53,68 %), Гевгелија (52,62 %), Ѓорче Петров (51,58 %), Градско (64,27 %), Дебарца (57,06 %), Делчево (47, 08 %), Демир Капија (54,77%), Демир Хисар (52,92 %), Дојран (52,58 %), Зелениково (53,35 %), Зрновци (61,15 %), Илинден (62,96 %), Јегуновце (47,49 %), Кавадарци (50,84 %), Карбинци (61,22 %), Карпош (40,82 %), Кисела Вода (57,67 %), Кичево (39,84 %), Конче (57,85 %), Кочани (53,10 %), Кратово (62,84 %), Крива Паланка (47,05 %), Кривогаштани (54,84 %), Лозово (53,09 %), Македонска Каменица (50,96 %), Македонски Брод (55,86 %), Могила (63,48 %), Неготино (49,02 %), Новаци (61,88 %), Ново Село (56,84 %), Охрид (53,89 %), Петровец (59,05 %), Пехчево (53,97 %), Прилеп (51,42 %), Пробиштип (52,03 %), Радовиш (56,34 %), Ранковце (54,34 %), Ресен (47,64 %), Росоман (51,36 %), Свети Николе (57,63 %), Сопиште (49,44 %), Старо Нагоричане (37,59 %), Струмица (47,06 %), Центар (39,98 %), Чашка (32,70 %), Чешиново-Облешево (58,93 %), Чучер Сандево (36,35 %) и во Штип (53,44 %),

Стево Пендаровски освои најмногу гласови во: Крушево (43,02 %), Маврово и Ростуша (44,04 %) и во Центар Жупа (34,95 %).

- Од тројцата актуелни градоначалници кои се кандидираа за претседател на државата само двајца добија најголем број гласови во општините каде се градоначалници - Максим Димитриевски во Куманово и Арбен Таравари во Гостивар, додека Стевчо Јакимовски во Карпош освои само шест проценти од гласовите.

Во општина Куманово најмногу гласови освои Максим Димитриевски 14.286 (30,16%). По него, следи Гордана Сиљановска Давкова со 11.982 гласови (25,29%), Бујар Османи со 6.203 (13,09%), Стево Пендаровски со 7.399 (15,62%), Арбен Таравари со 4.325 (9,13%), Билјана Ванковска со 1.814 (3,83%) и Стевчо Јакимовски со 238 (0,50%).

- Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објави утрово на својата веб-страница покажуваат дека од обработени речиси 100 проценти од гласачките ливчиња, најмногу гласови на вчерашните претседателски избори освои  кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 180.306 (19,93%).

Трет е Бујар Османи од ДУИ со 120.903 (13,36%), Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 83.356 (9,21%), Максим Димитриевски од ЗНАМ има 83.787 (9,26%), Билјана Ванковска поддржана од Левица 41.172 (4,55%) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 8.103 (0,90%).

- Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата влегуваат во вториот круг од претседателските избори што ќе се одржат на 8 мај, истовремено со единаесеттите парламентарни избори во земјата. Силјановска Давкова според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија од преброени гласови од 3.360 избирачки места односно 95,78 отсто од избирачките места освоила 349. 746 гласови - 40,23 проценти, додека Пендаровски 173,612 гласови односно 19, 97 проценти.

Трет по освоени гласови од седуммината кандидати е Бујар Османи од ДУИ со освоени 116. 319 гласови (13,38), потоа Арбен Таравари со 81. 671 (13,38), Максим Димитриевски од ЗНАМ со 76.894 (8,85) гласови, Билјана Ванковска со 39.660 (4,56) поддржана од Левица и со најмалку гласови е Стевчо Јакимовски од ГРОМ 7.898 гласови.

- Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР денеска на прес-конференција во 15 часот ќе ги соопштат првичните согледувања од мониторингот на вчерашниот прв круг претседателски избори во земјава. 

Шефицата на мисијата Џилијан Стирк, која ја предводи мисијата  на ОДИХР за набљудување на изборите, вчера изјави дека по посетата на неколку избирачки места, оценката е дека почетокот бил добар, но целосна проценка за тоа како се одвивал изборниот процес ќе имаат откако на крајот на денот ќе ги соберат податоците од гласачки места низ целата држава. 

 - Британскиот космодром „SaxaVord“ направи нов чекор кон испраќање сателит во орбитата откако регулаторите му дадоа лиценца за обезбедување безбедни услуги, отворајќи го патот за неговото прво лансирање подоцна оваа година.

Британската управа за цивилно воздухопловство (CAA) во денешното соопштение соопшти дека дала дозвола за локацијата „SaxaVord“, која се наоѓа на островите Шетланд, во близина на северниот брег на Шкотска. Тоа значи дека шкотското пристаниште ја отстрани втората од трите пречки за лиценцирање што мора да ги отстрани пред да се случи првото лансирање на ракетата.

- Ерменската полиција приведе стотина демонстранти кои го блокираа сообраќајот во Ереван поради договорот со кој ерменскиот премиер Никол Пашинјан се согласи да отстапи неколку погранични области на соседен Азербејџан.

Британските медиуми јавуваат дека полицијата насилно ги растера демонстрантите кои го блокираа сообраќајот во центарот на градот, откако претходно тие ја одбија наредбата да се разотидат.

На состанокот на претставниците на Баку и Ереван на 19 април беше постигнат прелиминарен договор за разграничување во близина на осум погранични села.

- Молдавското обвинителство поведе постапка за кривично дело против гувернерката на молдавската област Гагаузија, Евгенија Гуцул што создава предуслови таа да биде судена под обвинение за насочување средства од Русија на промосковска партија.

Гуцул, лидерката на Гагаузија, стана позната минатата година и победи на изборите за шеф на автономниот регион. Има затегнати односи со централната влада во Кишињев, која стравува дека Русија и прогонетите олигарси се мешаат во политичкиот живот на земјата.

- Украинската влада донесе одлука со која дополнително ја заострува мобилизацијата, па во иднина пасоши на воено способни мажи ќе може да се издаваат само во земјата, пренесува Хина.

Новата регулатива е објавена откако шефот на дипломатијата, Дмитро Кулеба, до 18 мај  ги суспендираше конзуларните услуги за лицата кои ги исполнуваат условите и притоа ги критикуваше оние Украинци кои се наоѓаат  во странство за тоа дека не служат во војната против Русија.

- Евентуалното трајно распоредување нуклеарно оружје на НАТО во Полска ќе биде легитимна воена цел за Русија, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Во изјава за руските медиуми Рјабков наведе дека заедничките нуклеарни мисии на земјите на НАТО во близина на границата со Русија претставуваат закана за руската безбедност.

- Соединетите Американски Држави (САД) соборија четири беспилотни летала над областите на Јемен контролирани од бунтовниците Хути, објави вечерва американската воена команда на Блискиот Исток (Центком).

-Американските сили уништија четири беспилотни летала кои претставуваа непосредна закана за САД, коалицијата и трговскиот брод во регионот, се вели во соопштението на „Х“.

- Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Халил ал-Хаја изјави дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку биде воспостаена палестинската држава со границите од 1976 година, што претставува познато „решение со две држави“.

Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, нагласи дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот Брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.

- Во американската сојузна држава Аризона, обвинети се 18 лица во врска со обидот за промена на резултатите од претседателските избори во 2020 година во корист на Доналд Трамп, објави државниот обвинител, цитиран од франуските и американските медиуми. 

Според американските медиуми, меѓу обвинетите е и Руди Џулијани, личниот адвокат на поранешниот претседател Доналд Трамп.

- Пет тинејџери се обвинети за терористички дела во тековната истрага за прободувањето со нож на две лица во црква во Сиднеј на 15 април, соопшти денеска австралиската федерална полиција (АФП).

- Пет малолетници се обвинети додека Заедничкиот тим за борба против тероризмот (JCTT) Сиднеј продолжува да ги испитува соработниците на наводниот сторител кој го изврши прободувањето со нож во црквата во Вејкли, се вели во соопштението на АФП.

Остани поврзан