• сабота, 18 мај 2024

Утре без вода Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј"

Утре без вода Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј

Скопје, 27 февруари 2024 (МИА) - Без вода утре од 9:00 часот ќе биде комплексот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј".

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот со водоснабдувањето ќе биде  поради уличен дефект ф-150 мм на бул. „Гоце Делчев“ 9 во близина на Правниот факултет на УКИМ.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека не се санира дефектот. дма/нд/

Фото:МИА архива

Остани поврзан