• петок, 17 мај 2024

Трајковски: По 37 години патот до Разловци, најоддалеченото село во Делчево добива нов лик

Трајковски: По 37 години патот до Разловци, најоддалеченото село во Делчево добива нов лик

Делчево, 13 септември 2023 (МИА) - Денеска започна поставувањето асфалт на регионалниот пат за најодалеченото село во Општина Делчево, село Разловци. Како што информираше градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој изврши увид на местото каде се асфалтираше, градежните работи на оваа делница се одвиваат според предвидената динамика и се во понапредна фаза. 

-Со реконструкцијата, по 37 години од изградбата на овој пат, жителите добиваат современа патна инфраструктура што ќе придонесе за поголема безбедност во сообраќајот, рече Трајковски. 

Работите ги извршува ЈП за одржување регионални и магистрални патишта, а вредноста на работите е 50 милиони денари, средства предвидени во програмата на ЈПДП. 

Од ЈП за одржување магистрални и регионални патишта информираат дека поради работите на патот ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација и се апелира до учесниците на сообраќајот на внимателно возење и почитување на сигнализацијата на патот. вс/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан