Со пешачење до споменикот на ,,12 младинци" во Ваташа и месноста Катунишки камен, кавадаречки ученици го одбележаа денот на пролетта
- Со пешачење до споменикот на ,,12 младинци" во село Ваташа, како и до месноста Катунишки камен, кавадаречки ученици го одбележаа денот на пролетта. Станува збор за две групи ученици од основното општинско училиште ,,Страшо Пинџур". Како што информираше наставничката Стефка Саздовска за МИА,

Кавадарци, 21 март 2023 (МИА) - Со пешачење до споменикот на ,,12 младинци" во село Ваташа, како и до месноста Катунишки камен, кавадаречки ученици го одбележаа денот на пролетта. Станува збор за две групи ученици од основното општинско училиште ,,Страшо Пинџур".
- Во нашето училиште беше одбележан денот на екологијата и ден на пролетта. Сите ученици беа вклучени во низа активности на тема „Засади цвет, разубави го целиот свет. Најмалите имаа ликовни работилници и пишување литературни творби, изработка на еко експонати и облека од хартија, пластика и најлон и ревија на изработките. Учениците од предметна настава изработуваа плакати и беџови со еколошки пораки, соопшти наставничката Стефка Саздовска за МИА.
Се одржале неколку работилници на пивеќе теми, меѓу кои и таа, за здрава, наместо брза храна.
- Беа посадени зимзелени дрвја, цвеќе со што го разубавивме нашиот училишен двор. Голема благодарност до учениците и сите вработени во училиштето што беа вклучени во еколошките активности.
Посебна благодарност до еколошкото друштво „Еко живот", кое секоја година несебично соработува со нашето училиште и учествува во сите еколошки активности, нагласи Саздовска. свд/дма/
Фото : училиште ,,Страшо Пинџур" Кавадарци