• петок, 05 декември 2025

Општина Делчево ќе добие мерна станица за амбиентален воздух

Општина Делчево ќе добие мерна станица за амбиентален воздух

Делчево, 16 јули 2025 (МИА) – Општина Делчево ќе добие мерна станица за амбиентален воздух, со што се исполнува уште едно од предизборните ветувања на локалната самоуправа. 

 Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски информираше денеска дека станицата ќе овозможи постојано следење на квалитетот на воздухот на територијата на општината, особено во зони близу индустриски капацитети и сообраќајна инфраструктура.

-Проектот „Спречување на загадувањето на воздухот со помош на едукативни технички решенија“ ќе се реализира по склучениот договор за набавка на мерна станица за квалитет на амбиентален воздух. Здравата животна средина е наш приоритет и стратешка заложба, истакна Трајковски.

Контролата на квалитетот на воздухот, како што додаде тој, е неопходна во борбата против загадувањето.

-Ова е само еден чекор во насока на создавање поквалитетни услови за живеење, дополни Трајковски.

Финансиските средства за набавката се обезбедени преку аплицирање на јавниот повик што Бирото за регионален развој го објави во февруари 2025 година, во рамки на Програмата за развој на урбаните подрачја и одржлив урбан развој. вс/фф/

Фото: Општина Делчево

Остани поврзан