• петок, 05 декември 2025

Детската претстава „Зајакот бељаџија" вечерва во Велес

Детската претстава „Зајакот бељаџија

Велес, 16 јули 2025 (МИА) - Театарот „Патувалка“ вечерва во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес ќе ја изведе детската претстава „Зајакот бељаџија".

Претставата ќе биде изведена во рамки на програмата на „Велешко лето 2025“ кое почна минатиот петок со концерт на македонската музичка ѕвезда Мики Секуловски и настапот на стенд ап комичарот Стефан Николовски. 

Во рамки на „Велешко лето 2025“ со забавни игри и кино гејминг, младите велешани во изминатите две вечери си ги измерија силите во PS5  и добија симболични награди, а уживаа и во проекцијата на филмот „Мајнкрафт“ и првиот  македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“.

Од Општина Велес најавуваат дека во рамки на „Велешко лето 2025“  ќе има богата програма со многу забава, работилници и театарски претстави наменети за сите возрасти. ад/бак/

Фото: Општина Велес

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан