• петок, 05 декември 2025

Пожар од прскалка на роденденска забава во Свети Николе

Пожар од прскалка на роденденска забава во Свети Николе

Свети Николе, 16 јули 2025 (МИА) – Седумнаесетгодишно момче од Свети Николе синоќа на забава запалил прскалка, при што од искрите настанал пожар и зафатил трева на државно земјиште. 

Во соопштението од СВР-Штип се вели дека синоќа во 22.20 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека 17-годишник од Свети Николе, додека бил на роденденска забава кај другар, на балкон запалил прскалка при што од искрите настанал пожар кој зафатил сува трева на државно земјиште. 

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната Противпожарна единица Свети Николе, а повредени лица нема. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување. вдј/ра

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан