• сабота, 18 мај 2024

Совет на Кавадарци ги усвои извештаите за состојба на животна средина и план за амбиентален воздух во општината во 2023 година 

Совет на Кавадарци ги усвои извештаите за состојба на животна средина и план за амбиентален воздух во општината во 2023 година 

Кавадарци, 30 јануари 2024 (МИА) - Совет на Општина Кавадарци денеска ги усвои извештаите за состојбата на животната средина и од планот за амбиентален воздух во општината во 2023 година.  

Советникот Јован Златевски имаше забелешки, укажувајќи на низа работи, што, според него, треба да се направат, за да се подобри состојбата. 

- Апелирам за воведување на комунална инспекција. Да се подигне еколошката свест, а за непочитувачите на мерките за здрава животна средина, да има построги санкции. Сите да дадеме придонес во екологијата, рече Златевски. 

Градоначалникот Митко Јанчев рече дека Општината работела на гасификација, но процесот доцнел на национално ниво. Тој додаде дека локалната самоуправа работела на екологијата со низа активности, со учество во еколошки проекти за намалување на загадување во амбиентален воздух. Во процедура била студија за топлификација на Кавадарци.

Со одлука на Советот, Општина Кавадарци дава донација финансиски средства во износ од 1.000.000,00 денари на Македонската Православна црква Охридска Архиепископија - Повардарска Православна епархија Велес. 

- За изградба на помошни простории со параклис во црква Света ,,Петка Преподобна" Кавадарци, заради остварување, унапредување, промоција и поддршка на дејностите од јавен интерес, уредување на просторот, развојот на граѓанското општество, согласно член 22 ст.1 т.1 од Законот за локална самоуправа (Сл. Весник на РМ бр. 05/2002), од областа на вероисповеста и изразување на верата, пишува во одлуката.  свд/дма/


Фото: МИА 

Остани поврзан