• сабота, 27 јули 2024

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 17 мај 2024 (МИА) На 17.05.2024 во 16.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода лице Е.Р (44) од Велес. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ по член 235-а од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.   

На 17.05.2024 во 21.20 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.А.(25) од Норвешка затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 21 санкција, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се пет мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за возење под дејство на алкохол... 

На 17.05.2024 во 12.16 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Новаци, Битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со полуприколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(50) од Кавадарци и трактор со приклучна земјоделска работна машина со битолски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(71) од с.Новаци, Битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот констатирани во Клиничка Болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа на СБР Битола.

На 17.05.2024 во 22.55 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево - Осломеј се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(18), патничко возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(33) и патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки управувано од В.Х.(59), сите од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од патничкото возило „фиат“, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден малолетен сопатник, возачот на патничкото возило „пасат“ и неговиот сопатник Ќ.Р.(30) од с.Туин,Кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

На 18.05.2024 во 01.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.Г.(54) од с.Долно Српци, Битолско и патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(57) од  Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.К., констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола. 

На 17.05.2024 во 16.30 часот во Полициска станица Аеродром, П.К.(21)  од Скопје пријавил дека на кеј на река Вардар во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 17.05.2024 во 14.00 часот во Полициска станица Гази Баба, М.П.(61) од Сингелиќ, скопско, пријавил дека на ул.„Маџари“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 17.05.2024 во 13.25 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.К.(29) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Гази Баба во Скопје бил каснат од куче скитник. мд/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан