• петок, 17 мај 2024

Почна собраниската седница за пратенички прашања

Почна собраниската седница за пратенички прашања

Скопје, 26 октомври 2023 (МИА) – Во Собранието  се одржува седницата за поставување пратенички прашања.

Во тек е изјаснување на пратениците за одговорите што ги добиле во пишана форма за прашањата од претходната  седница.

На почетокот на седницата, во процедурална реакција координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески  констатираше дека не е присутен министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и побара да се обезбеди негово или присуство на заменикот затоа што имале прашања што се однесуваат на надлежностите на овој ресор. Мицевски реагираше и за отсуството на  државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски образложи дека отсуството на министерот Спасовски е оправдано согласно со собранискиот Деловник, а обвинителот Јовески, како што рече, нема обврска да присуствува на седницата бидејќи не бил поканет од ниту една пратеничка група.лв/мд/

фото:Принтскрин

Остани поврзан