• сабота, 18 мај 2024

Парламентарна конференција „Иднината на транспортот“ во Приштина

Парламентарна конференција „Иднината на транспортот“ во Приштина

Скопје, 3 ноември 2023 (МИА) - Пратениците од собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија Марија Георгиевска, Олга Лозановска и Берат Ајдари денеска и утре ќе учествуваат на парламентарната конференција на тема „Иднината на транспортот“, што се одржува во Приштина. 

Како што соопшти собраниската прес-служба, целта на конференцијата е парламентарните комисии да дискутираат за иднината на транспортот и транзицијата по однос на потребата од низок јаглероден отпечаток.

На конференцијата е предвидено да се дискутира за заштита на животната средина во насока на одржливост, чист транспорт и паметна мобилност. мд/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан