• понеделник, 20 мај 2024

Норвешка испрати 26 милиони долари до УНРВА за неопходната помош за бегалците во Газа

Норвешка испрати 26 милиони долари до УНРВА за неопходната помош за бегалците во Газа

Осло, 8 февруари 2024 (МИА) - Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Еиде соопшти дека неговата земја испратила 26 милиони долари до УНРВА, агенцијата на ОН која обезбедува помош за палестинските бегалци.

Повеќе од десетина земји го суспендираа финансирањето на УНРВА по обвинувањето дека 12 членови од персоналот на агенцијата учествувале, на некаков начин, во нападите на Хамас на Израел на 7 октомври. Тие се отпуштени од УНРВА и се под истрага. 

„Луѓето во Газа гладуваат. Здравствените служби колабираа. Покрај сите последици од војната, многумина умираат од заразни болести и недостиг на здравствена заштита. Нашата поддршка за напорите на УНРВА е поважна од кога било“, изјави норвешката министерка за меѓународен развој Ана Беат Твинереим. ссм/

фото: архива

Остани поврзан