• сабота, 27 јули 2024

Врховниот лидер на Иран му оддаде почит на Раиси

Врховниот лидер на Иран му оддаде почит на Раиси

Техеран, 20 мај 2024 (МИА) – Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи му оддаде почит на претседателот Ебрахим Раиси по неговата смрт во хеликоптерска несреќа.

Во објава на X, врховниот лидер на Иран објави заедничка фотографија со Раиси со кратка порака која се однесува на имамот Реза, осмиот имам на шиитскиот ислам и почитувана личност во Иран.

Посмртните останки на Раиси сега се транспортираат во градот Табриз.

Сè уште не е јасно кога и каде ќе биде погребан Раиси. јт/

Фото: Х

Остани поврзан