Две лица загинаа, неколку се водат како исчезнати по обилните дождови во североисточна Јапонија
- Најмалку две лица загинаа, а неколку се водат како исчезнати по обилните дождови кои зафатија делови од североисточна Јапонија, предизвикувајќи поплави и свлечишта, соопштија денеска локалните власти.

Токио, 26 јули 2024 (МИА) – Најмалку две лица загинаа, а неколку се водат како исчезнати по обилните дождови кои зафатија делови од североисточна Јапонија, предизвикувајќи поплави и свлечишта, соопштија денеска локалните власти.
Еден 86-годишен маж загинал во префектурата Акита, а уште еден се води за исчезнат, јави агенцијата Кјодо. Двајца полицајци во соседната префектура Јамагата исчезнале откако нивното полициско возило било однесено од поројни дождови, а еден од нив бил пронајден и потврдено дека е мртов.
Во Тозава, префектурата Јамагата, Силите за самоодбрана (СДФ) и властите спасиле десетина луѓе откако селото било поплавено и отсечено, соопштија локалните власти. јт/
Фото: ЕПА архива