• сабота, 18 мај 2024

МНР домаќин на третиот состанок на политички директори во рамките на претседавањето со ПСЈИЕ

МНР домаќин на третиот состанок на политички директори во рамките на претседавањето со ПСЈИЕ

Скопје, 10 мај 2024 (МИА) - Во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија денеска се одржа третиот состанок на политички директори на учесниците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), на кој присуствуваа и претставници на Советот за регионална соработка (СРС) и на Европската Унија.

Како што соопшти МНР, на состанокот беа разгледани кандидатурите за избор на генерален секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) и предлог-текстот на Заедничката декларација во пресрет на Министерскиот состанок, што ќе се одржи во рамки на нашето претседавање со ПСЈИЕ.

Северна Македонија со ПСЈИЕ претседава во периодот јули 2023 - јуни 2024 година, под мотото „Премостување поделби, градење доверба“. вг/са/

Фото: МНР

 

Остани поврзан