• вторник, 11 јуни 2024

Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи

Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи

Скопје, 18 мај 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.

Фото: МИА архива

Остани поврзан