• петок, 26 април 2024
МИА Флеш

20 март 2023

-Пратениците во рамки на продолжението на денешната 106. собраниска седница ги изгласаа Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија и Предлог на законот за амнестија, и двата по скратена. За Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието вкупно гласаа 81 пратеник, и ниту еден воздржан и против. Во гласањето со  Бадентерово мнозинство „за“ гласаа 24 пратеници, ниту еден против и воздржан.

– Декларација за борба против ширење и дистрибуција на дезинформации потпишаа денеска во Солун претставници на новинските агенции кои се дел од Асоцијацијата на балкански новински агенции – Југоисточна Европа (АБНА-ЈИЕ), чија членка е и МИА.

-Министерот за правда Кренар Лога на денешната работна средба ја информирал амасадорката на Грција во нашата земја, Софија Филипиду за скринингот во Брисел и поддршката од Европската Комисија за постигнатиот напредок во делот на судските реформи и владеењето на правото.

 - Министерството за здравство со УНИЦЕФ ќе потпишат годишна програма, дизајнирана во насока на подобрување на квалитетот на здравствени услуги, соопшти Министерството за здравство, информирајќи за денешната средба на министерот за здравство Фатмир Mеџити и претставничката на Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), Патриција ДиЏовани, посветена на работните активности и областите на потенцијална соработка за 2023 година.  

-Во Кабинетот на претседателот денеска сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска беше домаќин на консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна. На средбата беше нагласено дека потребата од законски измени е со цел да не се фрла вишокот на храна, да не се прави отпад на храна, туку да се поттикне донирањето на вишокот храна, а се разговараше и за почетните активности во врска со подготвување на предлог-законот, како и за воспоставување на механизми и критериуми за регулирање на активноста на донирање храна.

-Нашата земја нема инфраструктура за да увезе странски работници, а работодавците не размислуваа и не ги слушаа нашите совети кога ги бркаа работниците за време на корона кризата, кои се иселија во земјите во ЕУ, вели Кристина Ампева од Гласен Текстилец-Штип, откако претседателот на собранието на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров во интервју за МИА откри дека неколку Агенции нудат странски работници на македонските компании.

 - Свеста кај помладата популација за редовно одење на стоматолог е повисока смета Моника Кашуба, општ стоматолог во Штип.  На Светскиот ден на оралното здравје, Кашуба вели  дека мора да се имаат предвид редовните контроли на шест месеца и истите воопшто да не се избегнуваат.

– И покрај повиците на некои европски земји членки за воведување построги мерки за ограничување на илегалната миграција, шефицата на германската дипломатија, Аналена Баербок, побара повторно воведување на спасувачката мисија на Европската унија во Средоземјето, јавија денеска германските медиуми. -Умирањето во Средоземјето е отворена рак рана на Европа бидејќи не успеавме да се договориме за заедничка политика за имиграција и бегалци, рече Баербок  во интервју за „Ди Велт“ (Die Welt).

 – Цената на европскиот природен гас денеска падна под прагот од 40 евра (43 долари) за мегават час (MWh), што е најниска цена од јули 2021 година. Како што јави ДПА, во утринските часови, индексот на ТТФ берзата во Холандија за договори за испорака за еден месец падна на 39,65 евра.

 - Специјалниот пратеник на Стејт департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска изјави дека договорот постигнат во Охрид пред два дена е чекор кон нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина и дека е правно обврзувачки, иако има не е потпишан.

- Украина очекува Кина да го искористи своето влијание врз Русија за да заврши војната, изјави денеска портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко.

-Рускиот истражен одбор денеска соопшти дека отворил кривична постапка против обвинителите и судиите на Меѓународниот кривичен суд, кои во петокот издадоа налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин поради обвинение за воени злосторства. Одборот, кој е одговорен за истрага на сериозни злосторства, рече дека нема основа за кривичната одговорност на рускиот претседател Путин и дека шефовите на државите уживаат апсолутен имунитет од јурисдикцијата на странските земји.

– Силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Романија, а го почувствувале и граѓаните на Србија. Земјотресот е регистриран во 15:02 часот по локално време, на длабочина од 15 километри. Засега нема информации за материјална штета.

-Велика Британија денеска воведе санкции против високи функционери на Иранскиот корпус на револуционерната гарда (ИРГЦ), вклучувајќи ги и тие за кои тврди дека се одговорни за управување со финансиските инвестиции на таа формација

 

Тагови

Остани поврзан