• петок, 03 мај 2024
МИА Флеш

25 април 2024

- Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои обраќања имаа министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски, амбасадорката на Норвешка за Северна Македонија, Кристин Мелсом и командантот на логистика на Вооружените сили на Кралството Норвешка Андрес Јернберг.

Министерката за обрана Петровска во своето излагање посочи дека Армијата минува низ сеопфатен процес на модернизација и секоја дополнителна поддршка од сојузниците е добредојдена. Таа истакна дека донацијата ќе придонесе за зголемување на борбената готовност на Армијата.

- Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји денеска му се заблагодари на Европскиот парламент за вчерашната одлука за усвојување на Регулативата за создавање на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан.  

- Благодарност од Европскиот парламент за многу добрата соработка што доведе до усвојување на средствата за реформи и раст од шест милијарди евра, наведе Вархеји во објава на Икс. 

Тој натаму посочува дека оваа претставува избалансиран договор за досега невидениот инструмент што ќе му помогне на Западниот Балкан „да расте побрзо и да се подготви за членство во ЕУ“ 

 - Градинката „Гонџа“ од Скопје учествува во проект „Детски песнички за весели празници“ преку европската образовна програма Еразмус+, заедно со градинката „Сончево детство 65“ од Софија и студиото „МоКактус“ од Софија.

Проектот се реализира 18 месеци и ќе заврши во јули 2024. Меѓу другото, опфаќа снимени по шест видеа од двете градинки за  кои се подготвени и постери со кодови кои може да се скенираат, а сите снимени видеа се прикачени на нивните Јутјуб канали. 

– Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) денеска упатија заеднички повик до сите работници да се обединат и заедно со синдикатите да излезат на 1 Мај на протестот кој ќе започне во 11 часот пред Работничкиот дом под мотото „Ние работниците“.

Ова, како што информираат од ССМ, е договорено на заедничката средба на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов и секретарот на Советот на ССМ Златко Цветковски со претседателот на КСОМ Марјан Ристески и генералниот секретар на КСОМ Гоце Делчев Тодев.

- Во планинските подрачја утре ќе има краткотраен локален дожд, а во сабота попладне ќе има услови и за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи потоа следува период на стабилно и топло време. 

Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а само на повисоките планини со повремен слаб снег. Локално краткотрајно врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи, а до крајот на денот насекаде ќе престанат. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.

- По кратко боледување, утрово на 75-годишна возраст почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на поранешна Југославија, потврди неговото семејството.

Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди - Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена..., на кои им организираше и турнеи.

Тој има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.

- Во рамките на средбите со здруженија на граѓани техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски оствари средба со Здружението „Мобилност“ Скопје. Лицата со попречености во последните седум години биле оставени на маргините во системот.  За жал повеќе од седум години никој не ги слушнал нивните барањa, информираат од Министерството за труд и социјална политика.  

Од Мобилност на средбата истакнале дека не се откажуваат од барањето за подобар систем на заштита. Во државата, како што посочиле, услугата персонални асистенти воопшто не е развиена сразмерно во сите општини. 

- Северна Македонија оди во втор круг од претседателските избори, откако ниту еден кандидат не освои над 50 отсто гласови за да победи во вчерашниот прв круг на гласање. Вториот круг ќе се одржи на 8 мај заедно со парламентарните избори, кои би можеле да го дефинираат патот на земјата кон ЕУ, наведуваат белгиските медиуми во своите написи за изборите во земјава. 

„Политико“ наведува дека вчерашното гласање покажало „силно поместување“ на гласачкото тело во корист на кандидатката поддржана од коалицијата на „главната опозициска конзервативна партија“ ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. 

- Меѓународната хуманитарна организација „Хјуман рајтс воч“ во извештајот објавен денеска, ја обвини армијата на Буркина Фасо за масакрирање на 223 цивили, меѓу кои 56 деца, во две села во февруари, јавува Би-Би-Си.

Во извештајот се наведува дека армијата убила 179 цивили во селото Соро и уште 44 во блиското село Нондин, а преживеаните од нападот изјавиле за организацијата дека воен конвој со над 100 војници упаднал во селото Нондин, околу половина час по Исламистички бунтовници забележани во близина.

 - Државјани на неколку земји биле вклучени во организирањето на терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва, особено преку финансирање на тој напад со криптовалути, изјави денеска шефот на руската Федерална служба за финансиски надзор, Јуриј Чиханчин.

Држављани неколико земаља били су укључени у организовање терористичког напада на Крокус сити хол у Москви, посебно путем финансирања тог напада криптовалутама, изјавио је данас шеф руске Федералне службе за финансијски надзор Јуриј Чиханчин.

 - Мобилизацијата на украинските мажи кои побарале засолниште од војната во странство е задача на украинската држава, изјави денеска полскиот министер за одбрана, Владислав Кошњак-Камиш.

-Секако, знам што предизвикува прашања, а понекогаш и фрустрација во Полска, во јавноста, меѓу Полјаците, кога гледаат млади Украинци, млади мажи на возраст на воена обврска како се шетаат по трговски центри, хотели, кога има итна потреба, а потребата е итна, да се пријават на украинската армија новите регрути да можат да ги испратат да ја бранат Украина“, рече Кошњак-Камиш денеска во Варшава.

- Украина наскоро ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко на седницата на Националното собрание на Белорусија.

Тој додаде дека сега е најдобрата ситуација за склучување мир во Украина, бидејќи ако Киев не почне сега да преговара, ќе ја загуби својата државност.

- Националистичката кандидатка во Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, извојува победа во првиот круг од претседателските избори, првиот во серијата гласања што би можеле да одлучат дали балканската земја ќе се приклучи на Европската унија, пишува Еурактив во извештај за изборите потпишан и од АФП и Ројтерс.

Порталот информира дека според Државната изборна комисија, со преброени 90 отсто од гласовите, Силјановска-Давкова, која е поддржана од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, извојувала победа со речиси 40 отсто.

- Шеснаесет земји во заедничка изјава повикаа на итно ослободување на заложниците во Газа, нагласувајќи дека тоа ќе придонесе за прекин на огнот и ќе овозможи испорака на хуманитарна помош.

„Ние силно ги поддржуваме тековните посреднички напори за враќање на нашиот народ дома. Го повторуваме нашиот повик до Хамас да ги ослободи заложниците и да ни дозволи да ставиме крај на оваа криза, за да можеме заеднички да ги фокусираме нашите напори за воспоставување мир и стабилност во регионот, се додава во заедничката изјава на Аргентина, Австрија, Бразил, Бугарија, Канада, Данска, Франција, Германија, Унгарија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Шпанија, Тајланд, Обединетото Кралство и САД.

- На победата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во првиот круг и на големата предност што ја доби во однос на актуелниот претседател Стево Пендаровски, акцентот го ставаат грчките медиуми во текстовите за вчерашните претседателски избори, јави дописничката на МИА од Атина.

„Северна Македонија: Чиста победа на кандидатката на ВМРО во првиот круг од претседателските избори“; „Северна Македонија: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од претседателските избори“; „Северна Македонија: Големо водство на Силјановска на претседателските избори“; „Претседателски избори во Северна Македонија: Чиста победа на кандидатката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг“; „Големо водство на кандидатката на ВМРО за претседател во Северна Македонија“; „С. Македонија: Победа на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од претседателските избори“, се дел од насловите во онлајн изданијата на медиумите во Грција.

- Дваесет и три осомничени членови на џихадистичката група Исламска држава (ДАЕШ) се приведени во голема антитерористичка операција спроведена во седум турски окрузи, соопшти денеска турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја на својот профил на „Х“.

-Акцијата „Боздуган-29“ беше спроведена во областите Хатај, Јалова, Коња, Јозгат, Чанаккале, Сакарија и Текирдаг. Најмногу приведени членови на ДАЕШ има во Хатај - вкупно десет лица, истакна Јерликаја.

- Францускиот претседател Емануел Макрон, денеска, за време на говор на Универзитетот Сорбона во Париз изјави дека „постои ризик оваа наша Европа да умре“, пренесоа британските медиуми.

Францускиот претседател потенцира дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и дека ризикува во следната деценија да заостане зад светските ривали.

Европа, оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.

- Најмалку 118 затвореници побегнаа од затворот Сулеџа во близина на главниот град на Нигерија, Абуџа, откако поплави предизвикани од поројни дождови ја оштетија затворската установа доцна синоќа.
Тоа го изјави денеска портпаролот на затворската служба. Портпаролот изјави дека службата интензивно трага по бегалци и досега се приведени 10 избегани затвореници.

Остани поврзан