• понеделник, 06 мај 2024
МИА Флеш

27 март 2024

 

Скопје - Членството на Северна Македонија во НАТО се реализираше во многу соодветен момент, пред почетокот на руската агресија во Украина. Интеграцијата во НАТО и ЕУ е најдобар одговор на руските империјалистички амбиции. Украина е само прва станица, а една од следните ќе биде Западен Балкан, истакна денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој го водеше традиционалниот НАТО настан, со што започнаа Деновите на НАТО во земјава, со кои се одбележуваат четири години од членството на Северна Македонија во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата.

Скопје - Интеграцијата во НАТО и ЕУ е најдобар одговор на руските империјалистички амбиции. Украина е само прва станица, а една од следните ќе биде Западен Балкан, подвлече денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој го водеше традиционалниот НАТО настан, со што започнаа Деновите на НАТО во земјава, со кои се одбележуваат четири години од членството на Северна Македонија во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата.

Скопје – Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги прифати барањата за акредитацијата на набљудувачи на претстојните претседателски и парламентарни избори во државава поднесени од Меѓународната организација за изборни системи ИФЕС и Набљудувачката мисија на ОБСЕ. Членовите на ДИК на седницата констатираа дека за барањата од ИФЕС и ОБСЕ се исполнети условите согласно Изборниот законик. 

Скопје - Лекарите специјализанти кои денеска протестираат пред Министерството за здравство побараа итна средба со министерот за здравство со цел решавање на нивните барања. Во моментот, во тек е состанок со претставници на Министерството. Специјализантите бараат регулирање на работниот статус, покачување на месечниот надоместок и здравствено осигурување за сите специјализанти. 

Скопје - Министерството за внатрешни работи во врска со кражбата во средно училиште во Охрид соопшти дека се работи за 19-годишна ученичка, а не за ученик како што претпладнево информираше Министерството. 

Куманово - Деветнаесетгодишник од Куманово се заканувал со нож на полициски службеник, удрил еден од полицајците додека го претресувале и му пронашле марихуана, која ја подготвил за продажба. Обвинителството денеска поведе истрага за две дела.

Скопје - Комуникацијата за животната средина која овозможува разбирање на сложените еколошки прашања и ја зајакнува улогата на поединците и на организациите во управувањето со животната средина е во фокусот на конференцијата „Како да комуницираме за животната средина во растечката еколошка криза: практични искуства и нови перспективи“ во организација на Институтот за комуникациски студии.

Скопје - Професионалните дизајнери, Ана Тасева, Гоце Велески и Воскресија Андреевска, и средношколците Амра Седиковиќ, Давид Манасијевиќ и Адријана Мирчевска, се шесте автори, креативци кои ги понесоа наградите за најдобри решенија на Повиците за визуелни дела за дизјанери и за средношколци - на тема: трансплантација и органодонорство.

Атина  – Со цел стандардизирано спроведување на активности за управување и намалување на опасноста од пренесување на вирусот, Министерството за здравство на Грција изработи интегриран акциски план за заштита од вирусот Западен Нил, јави дописничката на МИА од Атина.  Како што соопштија од Министерството за здравство на Грција, примарна цел на планот е поддршка и подготовка на надлежните тела, со систематско и итно спроведување на активности за спречување и контрола на сезонските епидемии на вирусот во земјата.

Сараево - Претседателот на ХДЗ БиХ, Драган Човиќ изјави дека измените на Изборниот закон на БиХ, кои ги наметна Кристијан Шмит, кој не е признат за висок претставник во Република Српска, се целосно непотребни и неприфатливи за претставниците на хрватското Народно собрание во БиХ. Човиќ, кој е и претседател на ХНС, за Фена изјави дека овие неиспровоцирани реакции на ОХР доаѓаат само неколку дена по позитивните извештаи од ЕУ кон БиХ, каде што едногодишните позитивни резултати на извршната и законодавната власт во БиХ беа силно нагласени.

Брисел - Европската комисијата изработи Упатство со препорачани мерки наменети за „многу големите онлајн платформи“ со цел ублажување на системските ризици на интернетот што би можеле да влијаат врз интегритетот на изборните процеси, со посебни конкретни насоки за јунските избори за членови на Европскиот парламент. 

Брисел - До крајот на 2024 година ќе бидат регрутирани 200 нови полицајци во Брисел, како резултат на зголемената загриженост за безбедносната состојба во главниот град на Белгија по неколкуте престрелки во изминатиов период, најави белгискиот премиер Александар Де Кро.  - Се соочуваме со безбедносни ризици, изјави Де Кро по денешната седница на Совет за национална безбедност на Белгија. 

Лондон - Повеќе од 130 британски пратеници ја повикаа британската Влада да ја забрани продажбата на оружје на Израел поради можно кршење на меѓународното хуманитарно право, пишува британскиот весник „Гардијан“. Во писмото, упатено до британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон и потпишано од повеќе од 130 членови на двата дома на британскиот Парламент, се наведени слични чекори од други земји, вклучително и Канада, која најави дека ќе го замрзне извозот на смртоносно и несмртоносно оружје за Израел.

Париз - Франција наскоро ќе може да испорача 78 хаубици „Цезар“ во Украина, со што ќе ја зголеми понудата на гранати за да ја задоволи итната потреба на Украина од муниција во борбата против руската инвазија, пренесе Бета. Францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну изјави дека е постигнат договор меѓу Франција, Украина и Данска за финансирање на самоодните хаубици „Цезар“ од 155 мм, што ќе и овозможи на Франција „брзо да ги испорача“, пренесоа американските медиуми.

Пекинг - Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска се сретна со претставници на американската деловна, стратешка и академска заедница во Пекинг. На состанокот, кој беше организиран од Националниот комитет за американско-кинески односи, американско-кинескиот деловен совет и аналитичкиот центар „Asia Society“,  биле поканети 20-тина компании, а разговорот траел околу 90 минути.

Бејрут - Либански Хезболах денеска соопшти дека испукал баражен оган врз северен Израел како одговор на израелскиот напад врз едно погранично село, во кој загинаа седуммина спасувачи. Во гранатирањето на градот Кирјат Шмона, на северот на Израел, загина еден израелски цивил, соопшти спасувачката служба. Либанската исламистичка организација Џама Исламија претходно објави дека седуммина спасувачи биле убиени во израелски напад врз Хабарија, во близина на границата со Израел, осудувајќи го, како што рече, „грозоморното злосторство“.

Њу Делхи - Индија планира да потроши околу 3,7 милијарди долари за да ја огради својата граница со Мјанмар долга 1.610 километри во рок од околу една деценија, за да спречи шверц и други нелегални активности. Од воениот удар во Мјанмар во 2021 година, илјадници цивили и стотици војници побегнаа од таму во индиските држави каде луѓето од двете страни имаат етнички и семејни врски.

Бразилија - Бразилската полиција истражува зошто поранешниот претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада во Бразилија веднаш откако му бил одземен пасошот во истрагата за наводен заговор за организирање воен удар. Полицискиот извештај за истрагата ќе биде испратен до судијата на Врховниот суд, Александар де Мораес, кој нареди истрага за наводниот заговор за воен удар откако Болсонаро беше поразен од левичарот Луис Инасио Лула да Силва во октомври 2022.

Тагови

Остани поврзан