30 јануари 2025
Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска оцени дека законодавниот дом не придонел за партизација на дипломатијата со изгласувањето на автентичното толкување на Законот за надворешни работи.
-Не се согласувам. Не го делам тоа мислење, Сепак, треба да знаете тоа што Собранието го носи, тоа што мнозинството на пратеници го носат, тоа е волјата на граѓаните. Квалификациите можат да бидат субјективни, објективни, но сепак треба да се сложиме дека во одреден момент во државата има политичко мнозинство кое е легитимно и легално и ги носи одлуките во интерес на граѓаните. Нормално дека тие избраници се избрани токму да ги гласаат и донесуваат одлуки во интерес на граѓаните, рече Гаши во изјава по брифинг со медиумите.
Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска на брифинг нагласи дека се бараат законски можности во консултација со експерти и институции да се направат законски измени и реформа во правосудството кое што, како рече, ќе биде квалитетно.
- Прво да констатираме дека темата е покомплексна и сакаме долгорочно да биде решен проблемот. Во консултации со повеќе експерти и институции и сакаме да дојдеме до решение кое ќе биде одржливо и ќе биде долгорочно решение. Не сакам да дадам мое мислење во моментов, но сакам да ги испочитуваме сите институции, да дојдеме до заедничко мислење, па потоа да пристапиме со заеднички став да го решиме проблемот, рече тој.
Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите нагласи дека тој нема ингеренции да предлага претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади. Потенцира дека тој може да одреди пратеник за свикување на седниците на Комисијата.
-Што се донесува до Комисијата за социјална политика, демографија и млади, јас ве упатувам на Деловникот членот 126 и 114 ги решаваат овие ситуации кога нема претседател на Комисија, претседателот ќе утврди, ќе повика пратеник да ги свика седниците по одредени закони од тие области, рече Гаши.
Скопје - Собраниската седница на која на дневен ред се пратенички прашања ќе продолжи по паузата од еден час, која ја даде претседателот Африм Гаши на барање на пратеникот на ДУИ Блерим Беџети, кој побара да се достави оригинален примерок на Деловникот до пратениците.
-Со вашата работа после неколку месеци, мислам дека е ред на пратениците да им биде доделен оригинал Деловник и да нема различни толкувања. Од почетокот на овој мандат се работи со препис. Ова е срамота и за државата и за сите ние што сме присутни и има различни толкувања на Деловникот. Барам да се подели ургентно усвоениот Деловник, а не препис, рече Беџети во процедуралната забелешка.
Скопје - Како се вршат контроли во маркетите, кога од 27 декември 2024 година Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) го изгуби својството на правно лице и практично не постои? Како може правен субјект што не постои да врши надзор и контрола? Кога нема правно дејство, секој може да го оспори. Го намалувате работното искуство на директорот на инспекциските служби, го сведувате на најниско ниво на службеник, да зависи од желбата и волјата на министерот. Ги намалувате критериумите, годините на работно искуство, а Инспекцискиот совет го правите беспредметно тело. Ова беа само дел од забелешките на опозициските членови на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор што беше на дневен ред на седницата. Тие побараа негово повлекување и корекција или изготвување сосема ново решение.
Скопје – Пратеници на опозициските партии СДСМ и Левица покренуваат иницијатива за свикување Надзорна расправа во рамки на Собранието, на која би се расправало за мерките и активностите што би се спровеле во насока на подобрување на состојбата со загадувањето на воздухот.
Како што посочи пред медиумите пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ, таа иницијатива произлегува од како што рече, поразителните резултати за квалитетот на воздухот.
Интенција е, како што појасни, во рамки на Парламентот преку деловнички и законски инструменти да се разговара за прашањето за животната средина, а како прашање што ги засега сите граѓани без исклучок, би требало да ги обедини сите пратеници во Собранието.
Скопје - Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека ќе продолжат акциите со цел да се откријат евентуални злоупотреби од здравствени работници. Тој беше прашан во врска со апсењето на лекар во Битола и како на социјалните мрежи се споделува дека се злоупотребува дополнителната дејност, пред сѐ во хируршките гранки, каде дури и тешко болни од рак не се оперираат во редовен термин, туку „се нуди опција доколку сакаат побргу да бидат оперирани, да дојдат за два-три дена попладне, со тоа што, приватно ќе си платат“.
Министерот ги повика граѓаните да пријавуваат такви случаи во Министерството за здравство, во полиција и кај директорите на клиниките.
Скопје - Зачувување на биодиверзитетот преку порибување, усогласување на македонските закони со европските и справување со дивоградбите и дивите депонии покрај река се дел од главните препораки од проектот „Младински активизам за одржливи реки: Заштита и зачувување на биодиверзитетот на реката Треска“.
На денешната презентација на резултатите од проектот спроведен од Аналитика, заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска изјави дека оваа анализа е поттик и обврска во иднина повеќе да се посвети внимание на реката Треска.
Битола - ЈОУ Културен и информативен центар Битола со нова креативна иницијатива ги анимира младите битолчани од основните и средни училишта преку создавање кратки филмови да ја искажат својата креатива идеја.
Пред идните сниматели, режисери и сценаристи или актери поставен е предизвик да снимат краток филм со времетраење до 3 минути, користејќи се со мобилен телефон, на тема туристичка промоција на Битола, екологија и слободна тема. Најдобрите остварувања ќе бидат прикажувани секоја прва сабота од месецот, во кино „Манаки“.
Белград - Студентите од белградските факултети тргнаа на протестен марш кон Нови Сад околу 10:30 часот со цел да им дадат поддршка на своите новосадски колеги кои на 1 февруари, кога се навршуваат три месеци од несреќата на железничката станица во тој град, најавија блокада на сите градски мостови.
Студентскиот собир започна на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Белград, од каде се упатија кон Универзитетот за криминалистика и полиција, каде ќе застанат 15 минути за да им оддадат почит на загинатите во уривањето на настрешницата на реконструираната Железничка станица во Нови Сад.
Атина – Ламарини, прехранбени продукти, пива, жици од железо и празни контејнери, според компанијата „Хеленик трејн“ (Hellenic Train), превезувал товарниот воз што на крајот на февруари 2023 година директно се судри со патнички воз кај Темпи и животот го загубија 57 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Откако во изминатиот период во јавноста излегоа нови информации од истрагата на техничкиот советник, ангажиран од семејствата на загинатите, според која околу 30 лица го преживеале сударот на патничкиот со товарниот воз, но загинале од запаливите течности, по експлозијата што предизвикала недостаток на кислород, во Грција се поставуваше прашањето што точно превезувал товарниот воз и дали постоел нелегален товар.
Брисел – Во пресрет на утрешниот краен рок што си го поставија самите за формирање на нова Влада на Белгија, лидерите на петте партии потенцијални владини партнери утрово во Кралската воена академија во Брисел започнаа нов круг преговори за постигнување конечен договор.
Како што јави интернет изданието на бриселскиот весник „Соар“, денешната лидерска средба се одржува по вчерашната рунда преговори што траела до околу 2 часот по полноќ, но засега нема назнаки дали партиите се блиску до конечен коалициски договор.
Брисел – Европските синдикати стравуваат дека „Компасот за конкурентност“, што Еврокомисијата го промовираше вчера со цел поттикнување на растот на економијата на блокот, би можел да ги поткопа правата на работниците во ЕУ.
Европската конфедерација на синдикати (ЕУТЦ) оцени дека „т.н. Компас за конкурентност“ дава „безброј ветувања“ за бизнис заедницата на ЕУ, но не вклучува посветеност на мерки што би биле од корист за обичните граѓани.
Брисел - Дваесет и три членки на ЕУ, кои исто така припаѓаат на НАТО, најверојатно ќе се согласат да ги зголемат трошоците за одбрана над сегашната цел од два отсто од БДП на самитот на алијансата во јуни, што ќе постави ново ниво на трошоци, рече претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта.
Кошта вчера изјави за португалскиот јавен радиодифузен сервис РТП дека закажал неформален состанок на лидерите на ЕУ за понеделник на кој ќе разговараат за инвестициите во одбраната и безбедноста.
На состанокот ќе присуствуваат генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и британскиот премиер, Кир Стармер, рече Кошта.
Амстердам - Меѓународните истражители уапсија 418 осомничени како дел од операцијата насочена кон трговија со лажни лекови и недозволени супстанци во 30 земји, соопшти денеска телото за спроведување на законот на Европската унија, Европол.
Повеќе од 400.000 пакувања „нелегални фармацевтски производи“, речиси 175.000 ампули и над 4,5 милиони таблети биле запленети за време на рациите спроведени меѓу април и ноември минатата година, се вели во соопштението на Европол.
Вкупните заплени на операцијата наречена „Shield V“ се во вредност од повеќе од 11 милиони евра (11,4 милиони долари), се вели во извештајот.
Париз – Лидерката на француската десница, Марин Ле Пен, денеска изјави дека Франција треба да заземе цврст пристап кон земјите кои одбиваат да примат депортирани лица, наведувајќи ги како пример американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот притисок врз Колумбија да прифати депортации.
Британските медиуми пренесуваат дека Ле Пен посочила дека Франција треба да преземе слични мерки кон Алжир, како што направи Трамп кон Колумбија.
Стокхолм - Ирачки бегалец и антиисламски борец беше застрелан во Шведска доцна синоќа, само неколку часа пред да биде осуден по судењето за палење Куран, покажа судски документ.
Салван Момика (38) бил застрелан во куќа во градот Содертаље во близина на Стокхолм, јави јавната телевизија СВТ, повикувајќи се на неименувани полициски извори.
Исламабад - Анвар ул-Хак ја застрелал својата ќерка поради ТикТок, а убиството се случило во вторникот на 28 јануари во градот Квета во југозападен Пакистан, јави денеска Индепендент.
Ул-Хаг првично изјавил дека неговата ќерка била убиена од непознати напаѓачи, но подоцна и признал на полицијата дека тој е убиецот.
Сан Франциско – Американската технолошка корпорација Мета се согласи да плати 25 милиони долари во судска спогодба за да ја реши тужбата на Доналд Трамп за укинувањето на неговите профили на платформите на социјалните медиуми на Мета по нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.
Мета потврди дека ќе донира 22 милиони долари на претседателската библиотека на Трамп и ќе плати 3 милиони долари за правни трошоци.
Лос Анџелес - Речиси две години по разводот со Кевин Костнер, дизајнерката Кристин Баумгартнер се сврши со Џош Конор - финансиер и поранешен пријател на славниот глумец, пишува „Пипл“ (People).
Според западните медиуми, парот се свршил на 26 јануари за време на интимна вечера на празна плажа во Калифорнија.