• недела, 12 мај 2024
МИА Флеш

29 февруари 2024

- Регулаторната комисија за енергетика ја намали цената за парното греење за 35 проценти за сите деловни корисници во град Скопје. Ова, како што денеска информираше на прес-конференција претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, се должи на намалувањето на цената на природниот гас на берзите.

 

 - Инспекцискиот совет најавува дека ќе ја следи состојбата со цените на прехранбените производи по прекинување на важноста на мерката за гарантирани цени, но оттаму велат дека треба малку да се остави и на совеста на производителите и на трговците кои треба да бидат во функција на граѓаните. 

 

 - Со поддршката од Министерството за транспорт и врски за капитални инвестиции ја променуваме сликата во градовите и државата. Минатата година реализиравме рекордно ниво на капитални инвестиции во државата од независноста до денеска од преку 700 милиони евра, што значи дека државата од буџетот одвоила најголем дел од средствата за реализација на проекти кои значат развој и ја градат иднината за граѓаните, рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски при денешниот увид на завршувањето на градежните работи на новиот булевар „Братсво и Единство“ во Струмица, што го изврши со градоначалнкот на Струмица, Костадин Костадинов.

 

 - Изборите се тест за демократската зрелост. Не смее да се употребуваат државни ресурси во партиски цели во текот на изборната кампања. Функционерите и избраните и именуваните лица треба да се придржуваат до Етичкиот кодекс и да прават разлика меѓу партиските и државните активности, вели вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

 

- Во текот на осмата недела од 2024 година (19-25.02.2024), пријавени се 820 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 40,8% помалку во споредба со претходната седмица. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 8-ма недела од минатата сезона  е намален за 6,0%, а во споредба со бројот за 8-ма недела од типичната епидемиска крива, е помал за 67,4%, соопшти Институтот за јавно здравје.

 

 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) се уште нема информација до каде е постапката за избор на нов Универзален снабдувач со електрична енергија. 

 

 - Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари изнесува 5,55 проценти и е зголемена за 0,08 процентни поени на месечна и 0,57 процентни поени на годишна основа, објави Народната банка. 

 

 - Ретките болести се тест за декларираната социјална правда, еднаквост и хуманост на македонското општество. Покрај соодветното лекување, суштински се и социјалниот ефект, прифаќањето од средината, психичката состојба. Согласно податоците, на крајот на 2023 година беа регистрирани 822 лица во регистарот за ретки болести. Од нив, помалку од половина добиваат терапија, но не заради тоа што државата не сака да обезбеди терапија, туку затоа што не постојат терапии за сите ретки дијагнози.

 

 - Претседателот на Народното движење на Србија и носител на изборната листа „Србија против насилството“ (СПН), Мирослав Алексиќ изјави дека претставниците на СПН на средбите во Брисел „добиле индикации“ дека постои „голем интерес“ за формирање на комисија која би спровела истрага за декемвриските избори во Србија. Истовренмено Борко Стефановиќ, заменик претседател на Партијата за слобода и правда (СПП) од Париз порача дека „меѓународната истрага е започната, таа е во тек, се спроведува на повеќе начини, и преку ОБСЕ и преку Советот на Европа“, јави дописникот на МИА од Белград.

 

- Според овогодинешниот извештај на организацијата Фридом Хаус за степенот на политички права и граѓански слободи за 2023 година, падот на Србија е најголем пад во цела Европа, изјави експертот за Балкан на Фридом Хаус, Александра Карпи, јави дописникот на МИА од Белград.

 

– Сите членови на подгоричкиот Одбор на Движењето Европа сега (ПЕС) поднесоа оставки од сите функции во партијата и ќе продолжат со својата работа согласно Програмата презентирана пред граѓаните, соопшти денеска одборот.

 

- Лидерите на Западен Балкан се собраа денеска во Тирана на самит посветен на европската интеграција на регионот и спроведувањето на Планот за раст за Западен Балкан. Учесниците на самитот во Конгресната палата ги пречека албанскиот премиер Еди Рама, кој е домаќин на средбата.

 

– Албанскиот премиер Еди Рама на самиот ЕУ-Западен Балкан, што се одржува во Тирана, оцени дека Европската унија е повеќе подготвена отколку порано за проширување и земјите од регионот треба да напредуваат со новиот план за раст, порачувајќи им на лидерите на земјите од регионот да не губат време.

 

– Лидерот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Лумир Абдиџику, изјави дека Косово не треба да биде „колективен заложник на едно популистичкото политичко лудило“, јави дописникот на МИА од Приштина.

 

- Група европски медиумски компании поднесоа тужба против Гугл (Google), барајќи отштета од 2,1 милијарди евра за изгубениот приход од дигитално рекламирање. Групата вклучува 32 медиумски групи од Австрија, Белгија, Бугарија, Чешка, Данска, Финска, Унгарија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Полска, Шпанија и Шведска, меѓу кои и Аксел Спрингер и Штајрија Медиа Груп.

 

 - Годишниот извештај на Европската комисија за владеење на правото во земјите членки на ЕУ е недоволно транспарентен и во него недостига соодветна документација за изнесените наводи, се посочува во оценката на Европскиот суд на ревизори за документот на извршното тело на Унијата. 

 

 - Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, повика на укинување на ослободувањето од воена служба за припадниците на ултраортодоксната еврејска заедница и додаде дека ќе го поддржи законот што ќе го реши проблемот само доколку министрите на партиите од центарот - Бени Ганц и Гади Ајзенкот - го поддржат.

 

– Рускиот претседател Владимир Путин денеска го одржа своето традиционално обраќање за состојбата на нацијата. Како што претходно најави, Путин во текот на својот речиси двочасовен говор најмногу внимание посвети на главните цели за следните шест години, пред се на економските и демографските.

Тагови

Остани поврзан