• четврток, 02 мај 2024

МИА Радио флеш

МИА Радио флеш

 16 април 2024

Скопје – Со денешниот извоз на последните три контејнери со околу 63 тони почва загадена со линдан од малата депонија во поранешната фабрика ОХИС во Скопје се финализира „ЛОТ“ 3 (Дел 3). Како што информираат за МИА од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), крајната дестинација на трите контејнери е во фирмата Indaver HIM Gmbh во Германија.

Воедно, денеска ќе бидат извезени и првите шест контејнери со отпад од линдан во вкупна количина од околу 120 тони од „ЛОТ“ 4. Крајната дестинација на овие контејнери е во фирмата Tredi Sv. Vulbas во Франција.

Скопје - Бројот на ученици во редовните основни училишта на крајот на 2022/2023 година е намален за 1,4 проценти, а бројот на ученици во средните училишта за 3,9 проценти во однос на претходната учебна година, покажуваат податоците објавени од Државниот завод за статистика. 

Според статистичките податоци, во учебната 2022/2023 година во основните училишта имало вкупно 182 245 ученици, а во средните училишта 66 678 ученици.

Податоците покажуваат дека за една година се затворени 14 училишта.

Скопје - Во спроведена акциска контрола на територија на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден се казнети 220 возачи, соопштија денеска од МВР. Од нив, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 96 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 124 надвор од населено место.

Скопје - Приватните специјализанти утрово продолжија со генералниот штрајк, што почна од вчера изутрина. Преку соопштение, тие синоќа информираа дека штрајкот ќе продолжи и денеска, сѐ додека Министерството за здравство по денешната седница на Влада, не излезе со официјален став за нивните барања. Врз основа на одговорот од Министерството за здравство, приватните специјализанти ќе одлучат за понатамошните чекори. Меѓу нивните барања се зголемување на платите, повторно воведување бесплатно здравствено осигурување за сите приватни специјализанти, како и регулирање на работниот статус.

Скопје - Во рамки на 36. издание на Саемот на книга, во сабота, 20 април, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје на штандот на издавачката куќа „Антолог“ специјален гостин ќе биде шведскиот новинар и писател Андерс Рослунд.

Рослунд е познат по своите крими трилери и освојувањето на многу награди, но и по позиционираноста на водечки места на бестселер-листатата на „Њујорк тајмс“. Тој е автор на книгите „Чук чук", „Слатко сонувај“ и „Верувај ми“, која ќе има специјална промоција во рамки на Саемот на книга, три дела кои веќе се преведени на македонски,како и на други наслови зад кои се потпишува во дуо.

 

Техеран - Иран ќе одговори на какви било активности против неговите интереси, рече претседателот Ебрахим Раиси, еден ден откако Израел предупреди дека ќе одговори на нападот извршен од Техеран минатиот викенд со беспилотни летала и проектили.

„Категорично изјавуваме дека и најмалата акција против иранските интереси сигурно ќе наиде на сериозен, широк и болен одговор за секој сторител“, му рече Раиси на емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани.

Aнкара - Русија и Украина два месеци преговараа со Турција за договор за обезбедување безбеден транспорт во Црното Море и постигнаа договор за текст што требаше да го објави Анкара, но Украина одеднаш се повлекла. Ова го јавија турски медиуми повикувајќи се на агенцијата Ројтерс, кои имале и копија од текстот на договорот, кој никогаш не беше објавен во јавноста.

Разговорите беа со посредство на Турција, која беше охрабрена од Обединетите нации, изјавија четири извори, кои сакаа да останат анонимни поради чувствителноста на темата.

Шангај - Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера разговараше со кинеските студенти на Универзитетот Тонги во Шангај, притоа уверувајќи ги дека не треба да консумираат канабис доколку студираат во Германија и оти таа супстанција е легализирана со надеж дека потрошувачката ќе се намали.

Oд 1 април oвaa година, на лицата со над 18 години во Германија им е дозволено да поседуваат и носат 25 грама канабис за консумирање. Уште повеќе, љубителите на хашиш сега можат да одгледуваат три растенија канабис во своите домови и да складираат до 50 грама сушен канабис.

Брисел – Германскиот европратеник Маркус Пипер синоќа соопшти дека се повлекува од должноста европски претставник за мали и средни претпријатија на која официјално требаше да стапи од денеска, откако целиот случај со неговото именување го доби епитетот афера „Пипергејт“ во која директно беше вмешана и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. 

Именувањето на Пипер предизвика реакции затоа што дојде само неколку дена пред неговата Христијанско демократска унија (ЦДУ) да ја објави својата поддршка за кандидатурата на Фон дер Лајен за втор мандат како претседателката на ЕК.

Атина – Од два до пет степени била повисока температурата на површината на морето во цела Грција во текот на вчерашниот ден споредбено со периодот 2008-2023 година, согласно податоците на грчкиот портал Метео на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Порталот пишува дека паралелно со екстремно високите вредности на температурата на воздухот забележани во земјата, температурата на површината на морето е на досега екстремно високо ниво за конкретниот период, а во јужниот дел на Јонското море и во источниот дел на Егејското море биле регистрирани температури од над 20 степени Целзиусови во првите десет сантиметри под површината на морето.

Вашингтон - Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја објави својата даночна пријава - традиција која беше прекината во времето на неговиот претходник Доналд Трамп. Практиката не е задолжителна, но нејзината цел е да ја зајакне довербата на граѓаните во политичките лидери. Даночните пријави ги објавуваат и кандидатите кои учествуваат на локалните и националните избори. Според нивните даночни пријави, Џо и Џил Бајден заработиле 619.976 долари во 2023 година, од кои повеќето потекнуваат од годишната плата на претседателот од 400.000 долари и годишната плата од 85.985 долари на неговата сопруга Џил Бајден, која работи како учителка во државата Вирџинија.

Шангај - Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера разговараше со кинеските студенти на Универзитетот Тонги во Шангај, притоа уверувајќи ги дека не треба да консумираат канабис доколку студираат во Германија и оти таа супстанција е легализирана со надеж дека потрошувачката ќе се намали. Oд 1 април oвaa година, на лицата со над 18 години во Германија им е дозволено да поседуваат и носат 25 грама канабис за консумирање. Уште повеќе, љубителите на хашиш сега можат да одгледуваат три растенија канабис во своите домови и да складираат до 50 грама сушен канабис.

Пекинг – Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји денеска телефонски разговараше со неговиот ирански колега Хосеин Амирабдолахиан поради тензиите помеѓу Израел и Иран. Амирабдолахиан го информирал Ванг за ставот на Иран за израелскиот напад врз Конзулатот на Иран во Дамаск, истакнувајќи оти Советот за безбедност на Обединети нации не одговорил соодветно на овој напад и дека Техеран има право да се брани како одговор на кршењето на суверенитетот на земјата.

Техеран - Иран ќе одговори на какви било активности против неговите интереси, рече претседателот Ебрахим Раиси, еден ден откако Израел предупреди дека ќе одговори на нападот извршен од Техеран минатиот викенд со беспилотни летала и проектили. „Категорично изјавуваме дека и најмалата акција против иранските интереси сигурно ќе наиде на сериозен, широк и болен одговор за секој сторител“, му рече Раиси на емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани. Началникот на израелската армија Херзи Халеви вчера изјави дека иранскиот напад врз Израел, како одмазда за бомбардирањето на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, бара одговор.

Париз - Претседателот на Франција, Емануел Макрон, се надева дека Реал Мадрид нема да го спречи Килијан Мбапе во евентуалното учество во францускиот олимписки тим на Игрите во Париз. Нема официјална потврда дека актуелниот играч на Пари Сен Жермен по завршувањето на сезоната ќе се пресели на Сантијаго Бернабеу, но повеќе информации тврдат дека трансферот е веќе договорен. Тогаш Мбапе веќе треба да биде играч на Реал, а во принцип клубот има право да го суспендира за Олимпијадата. Сепак, поради нивната организација, Французите сакаат да ја имаат својата најголема ѕвезда во составот.

Лос Анџелес - Американската рок-пејачка и вдовица на рокерот Курт Кобејн, Кортни Лав не е обожавателка на Тејлор Свифт... Таа проговори за тоа во нејзиното интервју за „Стандард“ (The Standard) каде што нагласи дека Тејлор не ѝ е занимлива како уметница. - Тејлор не е важна. Таа можеби е безбедно засолниште за девојките и веројатно е Мадона на денешницата, но не е интересна како уметничка, изјави Лав и ги разбесни љубителите на Тејлор Свифт. „Кортни секогаш ги напаѓа помладите, поубави и поуспешни жени од себеси. Оди најди работа“, гласи коментар од обожавател.

Остани поврзан