• четврток, 27 јуни 2024
МИА Општински пул

11 јуни 2024 

Скопје - Поради уличен дефект, без вода од 07:45 часот се корисниците на дел од Студеничани, соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Прилеп - Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што се одржува по 58-пат во Прилеп е на средината со својата богата програма. И денеска се најавуваат бројни настани, а довечер на програмата се уште три претстави, од кои две во официјалната конкуренција.

Од 10 часот на платото пред Градскиот саат е вообичаената „Детска зона“, во 11 часот во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде промовирана театарска и театролошка литература, а напладне се разговорите на тркалезната маса за синоќешните претстави: за претставата на Битолски театар „На дното“ и за „Домот на куклата“ на Турски театар од Скопје.

Голем е интересот на публиката и полни се салите во Прилеп за да се видат претставите на Фестивалот. Вечер од 19.30 часот  во Центарот за култура „Марко Цепенков“, театар „Комедија“ ќе ја изведе претставата „Ало!Ало!“ оспоред британската ТВ-серија на Џереми Лојд и Дејвид Крофт, во режија на Синиша Евтимов.

Скопје - На територијата на Скопје во текот на вчерашниот ден, изречени се вкупно 154 мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Меѓу нив, 19 санкции за возење без возачка дозвола, шест мерки биле изречени за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Единаесет санкции имало поради користење мобилен телефон при возењето. Изречени биле девет мерки за некористење сигурносен појас, исто толку санкции и за минување на затворен сигнал - црвено светло.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи, за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се нагласува во соопштението на МВР.

Радовиш - Со изложба на уметнички дела на ликовниот уметник Томе Даневски, синоќа во Радовиш беше отворена деветтата Меѓународната радовишка ликовна колонија, а добредојде на уметниците им посака градоначалникот Ацо Ристов, информираа од Општината.

Поздравно обраќање имал и претседателот на Друштвото на ликовни уметници од Радовиш, Душан Коцев.

Ликовната колонија ќе трае до 14 овој месец. Учесниците ќе творат во манастирскиот комплекс „Свети Георгија“ во селото Ораовица, а учествуваат 15 ликовни уметници од земјава и странство.

Остани поврзан